Лабуристите изненадија со победата на европските избори во Холандија

Прво изненадување на изборите за Европскиот парламент. Победа на лабуристите во Холандија.

Според првичните резултати партијата на потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, освои 5 пратенички места во новиот ЕУ парламент, што е за две повеќе од резултатот кој до направија во 2014тата. Втора е партијата на премиерот Марк Руте со 4 места, а трета е Евроскептичниот Форм за демократија. Тоа што можеби е најважно барем за нас, е дека вкупно што 8 пратеника добија евро скиптичните партии во новиот ЕУ парламент, што е за едно место помалку во споредба со досегашниот состав. Излезноста во Холандија беше малку над 41% што е во рамките на очекуваниот пад во однос на минатите циклуси. Вчера се гласаше и во Велика Британија на можеби едни од нај бизарните избори во поновата историја на земјава, бидејќи се бираа ЕУ пратеници, а земјата се надева дека уште годинава ќе најде политичко решение како да го спроведе Брегзитот, односно да ја напушти унијата. Неможноста да се задоволат апетитите на сите политички партии токму во однос на Брегзитот е причина Тереза Меј, во емотивен говор и низ солзи, од Даунинг Стрит 10 да најави дека на седми јуни ќе се повлече од премиерското место.

,,Дадов сè од себе. Се обидов да ги договорам најдобрите услови, направив сè за да ги убеди пратениците да му дадат поддршка на мојот договор. За жал, не успеав. Се обидов три пати. Верувам дека беше правилно да се истрае. Но, сега верувам дека е правилно нова личност да преземе. Ќе поднесам оставка во петок, 7 јуни. Ми беше најголема чест во животот да ѝ служам на земјата што ја сакам.”

Веднаш по оваа изјава лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин ја поздрави одлуката Меј и го повика лидерот на конзервативците веднаш да распише нови британски избори.

Инаку, изборите за европскиот парламент се вторите најголеми на планетата, после оние во Индија. Граѓаните на Ирска и Чешка се единствените кои гласаат денеска на вториот ден, исходот од ЕУ изборите со особено внимание ќе се следат и во земјава, имајќи во предвид дека резултатот директно ќе влијае врз одлуката дали годинава ќе ги започнеме преговорите за членство. Објавувањето на извештајот на европската комисија е закажано за 29 месецов, а дотогаш власта и опозицијата треба да се договорат за законот за обвинителство, кој е единствениот преостанат од пакетот реформски закони.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

притисни ентер