Потребни состојки за пандишпанот: 4 јајца, 50 гр.какао, 50 гр. шеќер, 70 гр. брашно и малку масло.
Потребни состојки за филот: 500 мл млеко, 2 чоколадни пудинга, 200 гр шеќер, 150 мл. вода, 100 гр. какао, 100 гр.млечно црно чоколодo, 100 гр, млечно кафеано чоколадо, 100 гр.горко црно чоколадо и 100 гр.бело млечно чоколадо
Постапка:
Најнапред се подготвува пандишпанот.
Се одвојуваат жолчките од белките.
На белките се додава шеќерот и се матат со миксер неколку минути.
Во матените белки се додаваат жолчките и се мешаат полека.
Се додава просеано брашно и какао и малку масло.
Сите состојки добро се мешаат за да се добие хомогена смеса.
Смесата се става во калап со пекарска хартија и се пече 10 минути на 170 степени.
Додека се пече пандишпанот се подготвува филот.
2 пудинга се мешаат со шеќер и се варат со млеко.
Откако ќе се излади пудингот се меша со миксер.
Во тенџере со 150 мл. вода се става: 100 гр. шеќер, 100 гр. какао и по 100 гр. од сите 4 видови на чоколади
Тенчерето со состојките се става на рингла.
Состојките се мешаат се додека не се стопат.
Пандишпанот се сече на половина.
Врз првата половина се нанесува еден слој од филот и се става втората половина.
Потоа тортата целосно се филува и се украсува со чоколадни украси.