Квартаро останува верен на Јамаха, потпиша до 2026 година

И покрај сите гласини дека Фабио Квартаро ќе се раздели со тимот на Јамаха на крајот на сезоната во Мото ГП, светскиот шампион од 2021 година во кралската класа ќе остане во јапонскиот тим до крајот на 2026 година.

Ова стана јасно откако Јамаха официјално објави дека го продолжила договорот на Французинот за уште две години. Ова значи дека Квартаро ќе помине шест последователни сезони со фабричкиот тим на Јамаха, за кој се трка од почетокот на неговата шампионска 2021 година. Пред тоа, тој помина две сезони со сателитскиот тим Петронас ЦРТ.

-Во текот на зимата Јамаха ми докажа дека имаат нов пристап и нов агресивен начин на размислување. Мојата самодоверба е висока: заедно ќе се вратиме на чело! Пред шест години ми дадоа шанса да дебитирам во МотоГП и оттогаш постигнавме големи работи заедно. Имаме уште долг пат за да почнеме повторно да се бориме за победи. Ќе работам напорно и сигурен сум дека заедно повторно ќе го оствариме нашиот сон, изјави Квартаро по повод новиот договор.

Од неговите зборови е јасно дека тој веќе верува во пристапот на Јамаха за развој на моторот. Јапонскиот бренд во последниве месеци почна да вработува луѓе и од Европа, покажувајќи дека го менува својот пристап и ќе ја развива својата машина на поинаков начин откако се забележа огромно заостанување во последните години.

А тоа што Квартаро останува во Јамаха значи дека нема да има место за Хорхе Мартин во јапонскиот тим. Како што е познато, светскиот вицешампион на крајот од сезоната ќе се раздели со Прамак Дукати и ќе сака да замине во фабрички тим, но се уште не се знае кој. Една од опциите беше Јамаха, но изгледа дека тоа нема да се случи. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

притисни ентер