Кузевска: Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат да го штитат криминалот на Никола Груевски

Праксата на корумпирање на медиумите беше одлика на 11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски.

Но, таа одлика и како опозиција ја продолжува сега извршителот Мицкоски во спрега со неговиот шеф од Будимпешта.

Последното новинарско истражување на словенечки медиум, откри дека сума од два и пол милиони евра од Унгарија завршиле во медиуми познати по ширењето на лажни вести и конструкции.

Тоа се истите медиуми кои шефот на Мицкоски, Груевски со години ги финансираше со државни пари. Со црни пари Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ финансираат медиуми коишто се контра успехот на државата и против интересите на граѓаните.

Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат да го штитат криминалот на Никола Груевски, азилантот кој се крие од правдата во Будимпешта, центарот од каде што излегуваат црните пари за самопрогласените опозициски медиуми, односно ширачи на лаги и дезинформации.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува црна медиумска кампања против државата, со цел да се врати на власт и да го амнестира Никола Груевски и сите други партиски криминалци.

Сега е јасно како Центарот за лаги и манипулации на опозицијата, продуцира толку лажни случаи против Владата, ги пласира во медиумите под нивна контрола, а потоа ги прераскажува од белиот дворец.

Ним очигледно им помагаат надворешни анти- државни фактори, коишто со корумпирање на медиумите, ја загрозуваат демократијата и европската иднина на државата.

СДСМ е посветена на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но, истовремено и на борба против лажните вести и измислици и сомнителното финансирање медиуми.

Затоа, бараме надлежните институции по допрен глас да постапат по објавените информации и да го испитаат начинот на финансирање на одредени медиуми.

Република Македонија е правна држава во којашто законите важат за сите подеднакво.

Богданка Кузеска,портпаролка на СДСМ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер