Куомо најави лотарија од 5 мил.долари за жителите на Њујорк кои ќе се вакцинираат

Куомо најави лотарија од пет милиони долари за жителите на Њујорк кои следната недела ќе се вакцинираат.

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, вчера најави дека од следната недела за жителите на „Големото јаболко" ќе почне лотарија со добивка од пет милиони американски долари, како поттик да се вакцинираат против коронавирусот, и притоа на сограѓаните им порача дека треба да се стремат да победат.

Лотаријата обезбедува бесплатни грепки за сите њујоркчани постари од 18 години, кои од 24-28 мај ќе примат вакцини на „Модерна", „Фајзер"/„БиоНТек" или „Џонсон и Џонсон„.

Заради забавувањето на темпото на вакцинација во државата треба да бидеме креативни за луѓето да ги натераме повеќе да се вакцинираат, рече Куомо и додаде „колку повеќе жители на Њујорк се вакцинираат, толку побрзо ќе се враќаме во нормала".

Куомо соопшти дека 63 проценти од возрасните жители на Њујорк се вакцинирани со прва доза на вакцината, а 54 проценти биле целосно ревакцинирани.

Лотаријата, што се користи како поттик за вакцинирање, може да донесе добивки од 20 долари до пет милиони долари.

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

притисни ентер