Куќи испечатени за 1 ден: Дом кој секој ќе може да си го дозволи (видео)

Евтини се и сигурни, а може да ги изгради и градежен аматер.

Првиот доказ дека 3Д печатењето не е некоја приказна од далечната иднина, но и дека би можело да го смени животот на милијарда луѓе ширум светот, е куќа направена исклучиво со 3Д принт. Нејзината цена се движи околу 10 000 долари, а градењето е готово за 24 часа. Процесот е доста едноставен. Работниците идејниот план и конструкцијата на куќата ја праќаат на печатење, а потоа индустриски печатар започнува со работа и од бетон изработува конструкција. Нова куќа. По поставувањето на бетонот работниците ги редат кровот, прозорите и вратата и внатрешната електрична конструкција, пишува Huffington Post.
Печатените куќи се резултат на компанијата ICON и непрофитната организација New Story со цел за изградба на евтини, сигурни куќи кои ќе може да ги изградат и оние со ограничено градежно знаење. Се надеваат дека цената на куќата ќе може да ја спуштат на 4000 долари. Нивната прва испечатена 3Д куќа ќе биде изградена годинава во Ел Салвадор.
Тридимензионалното печатење е без начин на изработка на предмети во 3Д во кој директно од 3Д печатар се изработуваат физички предмети во просторот. Тродимензионалниот испис овозможува и увид во самиот тек на постапката на дизајнирањето и ефикасни корекции. Користејќи се овие можности на 3Д печатар значително се скратува времето на изработка и се зголемува нивото на квалитетот на моделот и прототипот.

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата ќе ја продолжи војната во Појасот Газа додека не се постигнат сите цели и ја обвини палестинската милитантна група Хамас за застојот во преговорите за привремен прекин на огнот.

- Капитулирањето пред барањата на Хамас би било ужасен пораз за државата Израел, рече Нетанјаху во видео порака објавена денеска. „Тоа би била голема победа за Хамас, Иран и целата оска на злото. Тоа би покажало страшна слабост за нашите пријатели и за нашите непријатели“, ја пренесува ДПА изјавата на Нетанјаху.

- Ако Израел покаже слабост на овој начин, тоа само ќе ја доближи следната војна и ќе го отфрли следниот мировен договор, „бидејќи сојузи не се прават со слабите и поразените. Сојузи се прават со силните и победниците, предупреди тој.

Во моментов во Каиро се водат разговори со посредство во кои учествуваат претставници на Хамас, со надеж дека ќе се обезбеди ослободување на преостанатите заложници во Газа во замена за палестинските затвореници кои се држат во израелските затвори. Се разговара и за можен прекин на огнот.

Нетанјаху рече дека Израел покажа флексибилност за време на преговорите во Каиро, додека Хамас се држи до своите „екстремни позиции, пред сè повлекувањето на нашите сили од Појасот, ставање крај на војната и Хамас да се остави недопрен“.

Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани

Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 19.15 часот во СВР - Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.

Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.

Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Арсовска: Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Во изминатите две години покажавме дека со упорност и покрај блокадите може да се наметнат системски промени кои од корен ги менуваат градските институции.

Затоа Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Успеавме да ги намалиме непродуктивните трошоци, единствено не ги згаснавме светлата на улиците сред најголемата енергетска криза, ги консолидираме јавните претпријатија.

Први и единствени се боревме повеќе да нема лица кои не одат на работа, а земаат плата. Успеавме да откриеме стотици такви случаи за кои останатите институции сега треба да превземат мерки за враќање на парите кои ги земале.

За Македонија која ќе се базира врз право и правда неопходно е да се спроведат системски реформи:

-Целосно чистење на институциите од оние кои не одат на работа, а сепак земаат плата

-Воведување системска дигитализација со која човечкиот фактор и влијание при избор на вработување ќе се елиминира

-Со ветинг во сите јавни институции да се детектираат злоупотребите на позициите и за истото да следат највисоки санкции

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

притисни ентер