Кубанците ќе можат слободно да користат интернет, но дали ќе можат да си го дозволат тоа?

Кубанците од утре ќе можат да пристапат на интернет преку своите мобилни телефони, соопштија од државната телекомуникациска компанија “Etecsa”.

Со ова почнува големата „револуција“ во оваа земја чија конектираност со интернетот беше меѓу најмалите во Западната хемисфера.

Речиси половина од 11,2 милиони жители на Куба имаат мобилни телефони, но голем дел од нив и натаму нема да можат да си дозволат да имаат интернет на телефоните.

Од “Etecsa” објавија дека на граѓаните ќе им бидат на располагање бројни едномесечни пакети, почнувајќи од 600 MB по цена од седум долари, до пакет од 4 GB за 30 долари. Доколку корисникот не сака пакет, тогаш 100 MB ќе го чинат 10 долари.

Сепак, овие цени нема да можат да си ги дозволат Кубанците затоа што просечната плата во оваа држава е околу 30 долари и многу луѓе се потпираат на своите роднини кои што работат во странство или пак работат по неколку работи за да го зголемат семејниот буџет.

Куба значително заостануваше зад повеќето земји во достапноста на интернетот, како поради недостаток на пари, така и поради долгогодишните трговски санкции од САД и загриженоста поради протокот на информациите.

До 2013-та година интернетот најмногу им беше достапен само на луѓето во туристичките хотели на островот. Меѓутоа, владата од тогаш, зголемувањето на поврзаноста на интернетот ја постави како прироритет, воведувајќи сајбер-кафетерии, пунктови за бежичен интернет на отворен простор и започнување на приклучување на домаќинствата на интернет.

Кубанскиот претседател Мигел Дијас Канел кој во април го наследи Раул Кастро на таа функција, заговара поголема поврзаност на земјата, истакнувајќи го потенцијалот на интернетот за растот на економијата, како и можноста Куба да ја брани својата револуција онлајн.

Истражителка на ОЈО Скопје за компјутерски криминал со меѓународно признание од ИЛЕА

Меѓународната академија за спроведување на законот (ИЛЕА) во Будумпешта додели признание за работата и постигнувањата на Марина Пешовска, истражителка за компјутерски криминал од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство Скопје.

Пешовска беше избрана како финалист во категоријата “оперативен успех” поради успешна примена на вештините за дигитална форензика во борбата против локалниот и транснационалниот сајбер-криминал.

Успехот на Истражниот центар го истакна и Амбасадата на САД во Скопје. “Американската амбасада е горд партнер на Основното јавно обвинителство Скопје во неговата борба против компјутерскиот криминал и промоцијата на одговорноста”, објави Амбасадата на САД во Скопје за признанието од ИЛЕА.

Пешовска е еден од 17-те истражители во Истражниот центар на ОЈО Скопје.

Истражниот центар е своевидно јадро на обвинителството и бројот на предмети во кои постапувале истражителите за една година е практично речиси удвоен – од 150 предмети во 2022 на над 280 предмети во текот на 2023 година. Истражителите самостојно преземаат голем број различни дејствија – прибирање документација, барања до институции, учествуваат при претреси и лишување од слобода на лица, а се ангажирани и во дејствија на меѓународна соработка со истражни органи од други земји.

Најголем дел од опремата за Истражниот центар на ОЈО Скопје е донација од Амбасадата на САД, соопштија од Обвинителството.

Данска ќе им дозволи абортус на малолетни девојчиња без согласност од родителите

Данската влада денеска соопшти дека жените во оваа скандинавска земја ќе имаат право да изберат да ја прекинат бременоста до крајот на 18-та недела од бременоста.

Досега границата за абортус во Данска беше 12 недели.

Данската министерка за внатрешни работи и здравство, Софи Лоде, рече дека „нема медицински докази за сегашната граница, а исто така нема ништо што сугерира дека ќе има значително повеќе абортуси или дека тие ќе бидат извршени многу подоцна ако ја подигнеме границата“.

Измената на законот треба да стапи на сила кон средината на 2025 година. Дополнително, на девојчињата на возраст од 15 до 17 години им се дава слобода да абортираат без родителска согласност или одобрение од специјалистичка комисија.

Данска беше една од првите западноевропски земји што на жените им даде право на абортус по сопствен избор.

Од 1973 година, бремените жени кои живеат во Данска можат да абортираат до крајот на 12-та недела без потреба да наведат причина и без надоместок на трошоците.

И после тоа, абортуси се можни под одредени услови, но потребно е одобрение од комисијата за абортус.

Германска компанија лансира во вселената ракета на парафински погон (ВИДЕО)

Германската компанија HyImpulse денеска успешно лансираше ракета напојувана со парафински восок која ќе може да носи комерцијални сателити.

„Ја покажуваме силата на Германија како вселенска нација и го прошируваме пристапот на Европа до вселената“, објави шефот на компанијата Марио Кобалд.

Дванаесет метри долгата и 2,5 тони тешка ракета наречена SR75 беше лансирана околу 5 часот по европско време од Куниба, Австралија.

Може да носи помали сателити со тежина до 250 килограми до височина до 250 километри, а може да работи на парафински восок или течен кислород.

Парафинскиот восок се користи како поевтино и побезбедно алтернативно ракетно гориво. HyImpulse тврди дека заштедиле до 50 проценти.

Германската компанија со околу 65 вработени објави дека веќе добила преднарачки за лансирање на сателити во вредност од над 100 милиони евра.

HyImpulse сака да го прошири својот бизнис бидејќи расте побарувачката за транспорт на комерцијални сателити, па до 2032 година сака да оствари приходи од 700 милиони евра.

притисни ентер