Крстарењето од соништата им се претворило во хорор- Патниците си ги бараат назад илјадниците фунти (ВИДЕО)

Она што требало да биде двонеделен одмор од соништата за илјадници патници на луксузниот крузер Norwegian Spirit, се претвори во ноќна мора, а патниците преку протести бараат да им ги вратат парите.

Над 2 000 патници платиле по 5 300 фунти за крстарење по норвешките фјордови , а во патувањето требало да бидат вклучени и излети во Франција , Амстердам и Исланд.

Патниците тврдат дека проблемите започнале веднаш по тргнувањето. Првото пристаниште каде што требало да го застанат бил Амстердам, јавува news.com.eu, но поради врнежливото време, било откажано и крузерот тргнал кон нова дестинација , Ле Авр во Франција.

Но, тоа не била единствената промена. Крузерот застана во напуштен норвешки град, затворен за туристите, а потоа бил пренасочен на остров недалеку од Глазгов наместо на Исланд. Таму, бродот долг 274 метри не смеел да се закотви , па капетанот решил да се преместат во Белфаст.

Патниците веќе биле доста лути бидејќи поминале три дена на море и тоалетите почнале да смрдат. Лутите патници почнале да бараат да бидат вратени во Лондон и да им ги вратат парите што ги платиле за крстарењето, а се појавил дополнителен проблем кога од Norwegian Spirit одбиле да им даде целосна исплата. Наместо тоа, им биле понудени 25% ваучери со попуст за следното патување.

"Имаше многу лути луѓе на бродот. Никој правилно не ни објасни што се случува и тоа скоро предизвика бунт. Ова беше кошмарно патување. Многу тоалети почнаа да се прелеваат", изјави една од патниците, Дена Роланд.

Таа тоа го потврди и со видео на социјалните мрежи на кое се гледаат стотици лути патници собрани во салонот како бараат одговори и бараат да бидат симнати од бродот. Голем број патници се симнаа во Белфаст, пишува „Дејли меил“.

Крстосувачот Norwegian Spirit тежи 76.000 тони и има 17 ресторани, 12 барови, казино, спа, театар, фитнес-центар и детскиот воден парк. Луксузните кабини чинат околу 5 300 британски фунти, додека најевтините кабини се со цена од 1 700 фунти.

Израелски медиуми јавуваат дека ИДФ ги одобриле плановите за операција во Рафа

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви ги одобри конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува Ynet Њуз.

Без да го наведе изворот на информацијата, сајтот тврди дека израелски тенкови се на границата на Газа и се подготвени да почнат операција со која Израел сака да ја искорени милитантната група Хамас, пишува Тајмс оф Израел.

Во извештајот се вели дека планот за инвазијата се состои од неколку фази, а инвазијата може да биде суспендирана или одложена доколку се постигне напредок во разговорите за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

Надал: Да видиме дали сум способен да одиграм два тешки натпревара за два дена

 Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Мастерс тенискиот турнир во Мадрид, постигнувајќи ја третата последователна победа, прва ваква низа од летото 2022 година.

- Го издржав предизвикот. Веднаш по натпреварот не чувствувам болка, но не знам како ќе се разбудам. Мора да почекаме. Ќе видиме дали ќе можам да играм напорни натпревари во последователни денови. Се надевам дека е така. Но, ова е ново за мене. Долго време не сум имал такви оптоварувања за време на еден натпревар, изјави Надал.

Шпанскиот тенисер изрази задоволство од неговото учество на турнирот во Мадрид.

-Уживам да играм овде. Времето кога сум овде на теренот има многу вредност за мене, и на тениски и на емотивен план, призна Рафа Надал.

Ветеранот вечер од 21:30 часот ќе се соочи со Јиржи Лехечка од Чешка во осминафиналето на турнирот во шпанската престолнина.

Се зголемува бројот на загинати во нападот врз Одеса

Пет лица загинаа во вчерашниот руски ракетен напад врз градот Одеса во југозападна Украина, се вели во најновиот биланс објавен денеска од локалните власти.

Бројот на жртвите од вчерашниот руски ракетен напад врз Одеса се искачи на пет, бидејќи едно лице почина во болница, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер на социјалните мрежи.

Во нападот се ранети 23 лица и тие се уште се лекуваат, додаде тој.

Одеса, црноморско пристаниште од витално значење за украинскиот извоз, е честа цел на руски напади.

притисни ентер