Крижевски: Не сме непобедливи!!

Актуелниот светски шампион во кошарка селекцијата на САД ги меле противниците на Мундобаскетот во Шпанија.

Синоќа во четврт-финалето Американците ја декласираа Словенија со 119-76 и се пласираа во полуфиналето во кое за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Литванија.

И покрај одличните игри на првенството искусниот селектор на САД Мајк Крижевски истакнува дека неговиот тим не е непобедлив.
Американците во полуфиналето ги очекува вистински тест , селекцијата на Литванија кој од 2000 година ја победиле шест пати на последните седум средби , но само еднаш со разлика поголема од десет поени.

-Не не ние не сме непобедливи. Ние не сме сила. Имаме само добри атлетски способности и играме цврсто во одбраната. Но тешко е да се победува, истакна селекторот на САД Крижевски.

Американците на Мундобаскетот во Шпанија ги победуваат своите противници во просек со околу 35 кошеви разлика.

„Тимот е млад , па досега сум презадоволен поради ваквите игри.Младите екипи вообичаено се фрустрирани кога топката веднаш нема да влезе во кошот , по што играта станува физичка. На полувремето со Словенија од моите кошаркари побарав да играат многу позрело , во продолжението тие го сторија тоа , изјави популарниот „Коуч К“.

Полуфиналето меѓу САД и Литванија се игра во четврток од 19 часот во Барселона.

Вечерва на Мундобаскетот на програмата се последните две четврфиналиња, од 18 часот играат Србија и Бразил, а од 22 часот стартува мечот меѓу домаќинот Шпанија и европскиот првак Франција.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер