Кристијано Роналдо најдобар во 2016

Sвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер на светот за 2016 година во организација на ФИФА.


Наградата од годинава го носи името „Д Бест“ откако Франс Фудбал се повлече од заедничкото доделување на признанието за играч на годината.
Португалецот победи во конкуренција на асовите на Барселона и Атлетико Мадрид, Лионел Меси односно Антоан Гризман. Роналдо имаше исклучително успешна година во која со Реал Мадрид и репрезентација ги освои најважните титули во Лигата на шампионите и Европското првенство.
Признанието за најдобра фудбалерка на светот и припадна на Американката, Карли Лојд, а најдобар тренер е Клаудио Раниери.

Вооружени напаѓачи пукале во фудбалери ан Марсеј- сакале да им ги украдат автомобилите

Фудбалерите на Марсеј, Бамо Меите (22), Фарис Мумбањ (23) и Жан Онана (24) биле жртви на обид за вооружен грабеж при враќањето дома по победата во лигата против Ле Авр (2:1).

Маскирани и вооружени напаѓачи ги пресретнале на излезот од тренинг центарот на клубот и се обиделе да им ги земат автомобилите.

Триото од Марсеј се обидело да побегне со своите автомобили, а потоа напаѓачите почнале да пукаат кон нив. За среќа никој не е повреден, повеќето куршуми ги промашиле не само играчите туку и болидите. Полицијата при вештачењето пронашла две дупки на возачката врата на едното возило и една дупка во багажникот на другото.

Обвинителството во Марсеј нареди истрага, а по непознатите напаѓачи се уште се трага. Да потсетиме, фудбалерите на Марсеј непосредно пред нападот завршија многу слаба сезона за својот клуб. Нивната позиција во шампионатот не обезбеди настап во Европа следната сезона, заостануваа само еден бод зад Ленс, кој ќе игра квалификации за Конференциската лига.

„Гугл“ ќе вложи една милијарда евра во проширување на центарот за податоци во Финска

„Алфабет“, матичната компанија на американската технолошка корпорација „Гугл“, денеска најави дека ќе вложи една милијарда евра во проширувањето на главниот центар за податоци во Финска.

Главната причина за проширувањето е лесниот пристап до зелената енергија на локацијата Хамина, јужна Финска. Претходно „Гугл“ се обврза дека до крајот на деценијата сите канцеларии и центри за податоци ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија.

„Гугл“ исто така планира да работи со локална комунална компанија и вишокот топлина од центарот за податоци да го пренасочи во системот за загревање на домаќинствата во Финска.

Израелските лидери ја осудија одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Израелските лидери ја осудија одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да бара налог за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотич рече дека сите Израелци треба да се чувствуваат како да е распишана потерница против нив и ги повика пријателските земји да преземат акција за распуштање на МКС.

Одлуката на МКС ја нарече „приказ на лицемерие и омраза кон Евреите“ што, како што тврди, наликува на нацистичка пропаганда.

Лидерот на опозицијата Жаир Лапид изјавата на МКС ја окарактеризира како „катастрофа“ и рече дека се надева оти Конгресот на САД ќе интервенира во ова прашање.

Министерот Бени Ганц ја осуди одлуката на МКС, нарекувајќи ја „злосторство од историски размери“, пренесува Ројтерс.

„Споредувањето на решеноста на лидерите на една демократска држава да се бранат од теророт на крволочната терористичка организација (Хамас) е длабоко кршење на правдата и очигледен морален банкрот“, рече Ганц.

Претходно денеска МКС побара потерница за Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант за наводни воени злосторства, како и за апсење на лидерот на Хамас.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, рече дека Нетанјаху и Галант се обвинети за „поттикнување истребување, поттикнување гладување како метод на војна, вклучително и негирање на хуманитарна помош и намерно таргетирање на цивили во конфликтот“.

Лидерите на Хамас, Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије се обвинети за истребување, убиства, земање заложници, силување и сексуален напад.

притисни ентер