Кристијано Роналдо на вечера со девојката, Џорџина Родригез

Тоа е новата девојка на Кристијано Роналдо. Заедно се неколку месеци.

Папараците ги фотографираа на вечера во Мадрид.

Прв пат заедно беа фотографирани во Париз минатиот месец.

Lovely in lemon: Walking alongside the Portuguese ace, sultry Georgina courted as much attention thanks to her racy thigh-skimming dress

Таблоидите пишуваат дека Кристијано ја запознал Џорџина веднаш по раскинувањето на врската со поранешната Мис на Шпанија, Десире Кордеро Ферер.

Џорџина работи во продавница на Гучи во Мадрид...

Мицкоски: Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа

Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија се блиску до 61 пратеник.

Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред Соборниот храм во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изборите во среда.

- На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во Парламентот, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски изрази благодарност до граѓаните кои гласаа за Силјановска Давкова во првиот круг и додаде дека се чувствува дека во среда ќе има масовност за глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот.

Според објавената листа на милијардери на Блумберг, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари и од почетокот на годината е зголемено за седум милијарди долари.

На второ место е основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 198 милијарди долари.

Основачот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск е на трето место со 194 милијарди долари.

Меѓу десетте најбогати луѓе во светот се и основачот на „Мета“ платформата Марк Цукерберг (153 милијарди долари), основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс (149 милијарди долари), коосновачите на „Гугл“ и „Алфабет“, Лери Пејџ (146 милијарди долари) и Сергеј Брин (138 милијарди долари), поранешен генерал. По нив следат директорот на „Мајкрософт“, Стив Балмер (130 милијарди долари), американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет (132 милијарди долари) и основачот и претседател на корпорацијата „Оракл“, Лери Елисон (129 милијарди долари).

Модриќ и Начо се изедначија со Бензема и Марсело по бројот на трофеите со Реал Мадрид

 Лука Модриќ и Начо се изедначија за најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид со клупските легенди Карим Бензема и Марсело. Хрватскиот играч за врска и шпанскиот дефанзивец синоќа го освоија 25-от триумф во Примера.

Даниел Карвахал веќе има 24 награди со тимот на „кралевите“, а тој, Модриќ и Начо имаат шанса да додадат уште еден вреден трофеј пред крајот на сезоната. Во среда на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ претстои полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите со Баерн Минхен, откако „белиот балет“ ремизираше 2:2 на првиот меч во Баварија. Друга славна личност во белиот дрес - Тони Крос - има 22 трофеи.

Самиот Модриќ уште еднаш испиша историја за Мадрид со тоа што стана најстариот играч за „Лос Бланкос“ во лигашки натпревар во победата од 3-0 над Кадиз со 38 години и 238 дена, со што го надмина претходниот рекорд на Ференц Пушкаш од 38 години и 233 дена.

На социјалните мрежи кружи уште еден љубопитен факт за хрватската легенда на Реал - на 27 години го напушти Тотенхем со 0 трофеи во колекцијата, додека сега, 12 години подоцна, веќе има 25 со Мадрид.

притисни ентер