Ковачевски: Откажувањето не е опција за нас, не е време за откажување

Прес конференција одржа претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски.

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е опција за нас, ние никогаш нема да се откажеме од европската иднина за Македонија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашната изјава за медиуми.

Во изјавата Ковачевски посочи дека , дека денешниот ден е тежок удар за европската перспектива, но дека ќе продолжи да биде на терен со граѓаните и ќе работи за добивање на поддршката за европска иднина на државата.

„Имаме две недели да ја испратиме пораката до ској град, до секое село, до секоја куќа, до секој човек, дека единствениот начин за вистинска и суштинска промена е европската интеграција на земјата. Знаеме дека луѓето се уморни од европскиот пат. Знаеме дека многу луѓе сметаат дека ЕУ не ги одржа своите ветувања. Но, нема друга опција освен земјата да биде дел од ЕУ, и не постои друг пат освен патот на европските интеграции. Време да ги ставиме на страна сите разлики и да се обединиме зад идејата за европска Македонија.Мора да ги оставиме на страна сите несогласувања. Тука ние зборуваме за иднината на земјата и ако ја пропушриме шансата, овој пат, ќе треба далеку многу повеќе време да ја вратиме земјата на вистинскиот пат. Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување, имаме уште две недели. Јас ќе бидам на терен секој ден со вас, сите тука позади мене ќе бидат на терен секој ден и ќе работиме за да ја добиеме поддршката за европска Македонија“, порача Ковачевски.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски, потенцираше дека нема откажување од иднината и дека борбата за европска Македонија продолжува.

„Ние нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите.Ќе продолжиме да се бориме сѐ додека не победиме. И сакам да упатам порака и до претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, поддржан од граѓаните но и од Коалицијата за европска иднина - ова е заедничка борба, ќе се бориме заедно, рамо до рамо, затоа што ова е најважната битка за македонската иднина.Нашата цврста и одлучна борба за европска Македонија продолжува и на 8-ми мај кога не очекува вториот круг од претседателските избори, како и изборите за пратеници во републичкото собрание. Се гледаме за две недели, да живее европска Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер