Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди не треба да стравуваме.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди како го означуваат почетокот на нашата меѓународно признаена манифестација не треба да стравуваме.

Таа додаде дека фестивалскиот оган ќе гори сè додека постои нашата љубов кон Нејзиното Височество – Операта. „ Мајските оперски вечери се повеќе од празник, тие се круна на децениските напори на генерации македонски уметници да создадат и да остават гласовна трага за долги времиња“, рече министерката за култура насочувајќи го вниманието и кон изложбата посветена на макеоднската примадона Милка Ефтимова.

„Тоа се тие генерации врвни уметници на кои им ја должиме сета наша почит зашто од нив научивме дека културата е мисија која прави чуда. Со задача да го промени и да го спаси светот“, рече министерката за култура на отворањето на Мајските оперски вечери.

По церемонијата на палење на фестивалскиот оган од страна на оперската певица Славица Галиќ-Петровска, следеше премиерата на „Трубадур“ од Верди, во режија на Иван Поповски, светски познатиот македонски режисер, кој има голем број оперски поставки во Русија, а кој за прв пат режира опера во сопствената држава.

Диригент беше Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимите се на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во операта „Трубадур“ настапуваат Зоран Сотиров, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Сања Анастасиа (Србија), Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и Хорот и Оркестарот на НОБ. Репризата е на 11 мај, со диригентот Иван Еминовиќ и солисти од Канада и Чиле.

На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет.

Ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, а ќе има изведба и на камерната опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“.

Иранскиот претседател Раиси загина во хеликоптерска несреќа – државата прогласи 5 дневна жалост

Иран прогласи 5-дневна жалост по трагедијата каква не памети исламската република во поновата историја.

По повеќечасовна потрага по урнатиот хеликоптер, Техеран потврди – иранскиот претседател Ебрахим Раиси е мртов. Во трупот од леталото паднат во планински предел во близина на границата со Азербејџан, пронајдени се уште седум жртви, вклучително и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан. Во моментот на падот, областа била обвиена во густа магла. Веста беше објавена на националната текевизија.

-Хеликоптерот во кој се превезуваше претседател Раиси, нашиот народен претседател кој вчера патуваше кон провинцијата Источен Азербејџан од отворањето на браната Кода Афарин и неколку други проекти се урна на враќање на пат кон рафинеријата Табриз поради лоши временски услови. , вели презентрот на Иранската национална телевизија.

63-годишниот Раиси бил во конвој од три хеликоптери. Се работи за американско летало од моделот „Бел“, според медиумите, произведено во 60-тите години од минатиот век. Дел од експертите сметаат дека поради американските санкции, причина за падот може да е недостаток на резервни делови за леталата со кои се соочува Иран. Жителите на Техеран со неверување ја примија веста.

-Веста навистина не погоди, не само мене, туку и за целиот народ. Сигурно ќе има пречки врз проектите од секојдневниот живот, но ако Бог даде, работите ќе се нормализираат. , вели жител на Техеран.

-Кога ја слушнав веста, почувствував дека губиме важна поддршка. Не верувам дека во моментов имаме закана од надворешни сили. , вели жителка на Техеран.

Врховниот лидер, Ајатолахот Али Хамнеи, за привремен претседател го назначи досегашниот потпретседател Мохамед Мокбер, кој сега ќе има 50 дена да организира нови избори. Раиси важеше за десна рака на 85-годишниот Хамнеи и за негов најзивесена наследник со оглед на возраста и кревкото здравје на ајатолахот.

-Ќе има многу внатрешни теории на заговор, поради тоа што некои мислам дека Раиси може да е кандидат да биде врховен лидер во иднина. Ќе има големи внатрешни расправии за оваа позиција што всушност е многу поважна од претседателската. Тој имаше многи непријатели и ќе има многу шпекулации и теории, особено во земја каде од разбирливи причини луѓето не веруваат во официјалните извори. , вели Џејн Кининмонт, европска мрежа за меѓународна политика.

Раиси се сметаше за ултраконзервативец и немиолосреден лидер, кому и во минатото кога беше државен обвинител му припишуваа стотици егезекуции на противници на режимот. Критичарите ми го дадоа и прекарот Касапот од Техеран, поради неговата наводна улога во ликвидација на политички затвореници во деведесетите години. Беше жесток противник на Израел и кој токму тој го нареди масовниот напад со дронови врз Еврејската држава. Израел негигираше каква било вмешаност за смртта на Раиси.

Асанж ќе може да се жали против екстрадицијата во САД

Високиот суд во Лондон денеска му одобри на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж право на жалба против екстрадицијата во САД.

Асанж денеска не се појави на суд поради неговата здравствена состојба, но неговите адвокати истакнаа дека тој не треба да биде екстрадиран во САД, каде е осомничен за масовно протекување на доверливи документи, што потенцијално би го загрозило неговото право на слобода на говор.

Двајца судии треба да одлучат дали се задоволни од американските уверувања дека Асанж (52) може да го искористи Првиот амандман од американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот, додека му се суди за шпионирање.

Намирници за поздрав појадок за лица со над 40 години

Здравата исхрана е важна за управување со тежината. A пак, појадокот, во таа смисла, важи за најважниот оброк во денот, којшто влијае на човековиот метаболизам и нивото на енергија. 

За луѓето со над 40 години, високо-протеинска, а ниско-калорична храна наутро може да биде особено корисна.

Протеините се клучни за градењето мускули и губењето маснотии, бидејќи поттикнуваат ситост, обновување и зајакнување на мускулите и помагаат за здрав метаболизам. Д-р Рејчел Лоу од Лондон, Велика Британија, говорејќи за женското списание „Шифајндс“ (SheFinds), посочи три одлични опции за појадок за оние во петтото десетлетие од својот живот, па нагоре, коишто може да придонесат за губење на тежината и поцврсто мускулно ткиво.

1. Процедениот јогурт е моќен појадок што нуди приближно 10 грама висококвалитетни протеини на порција од 100 грама.

- Тој, исто така, е богат со калциум и пробиотици, коишто се клучни за добро здравје на цревата. За да ги подобриме придобивките од сѐ тоа, можеме да го мешаме со свежо овошје како што се бобинки, јаткасти плодови или семиња за да додадеме влакна и здрави масти, вели Лоу.

2. Јајцата се одличен извор на протеини, со околу шест грама во големо јајце.

- Јајцата се многу богати со витамини и минерали, како што се витамините Б и холин, а тие се неопходни за мускулната функција и метаболизмот. Без разлика дали ги сакаме изматени, пржени или варени, јајцата се фантастичен начин да го почнете денот, објаснува Лоу.

3. Свежото сирење е уште еден млечен производ богат со протеини - содржи околу 11 грама протеини на 100 грама сирење. Има мал дел масти и висок удел на казеин-протеинот што се вари полека, поради што нѐ држи сити подолго време. Лоу предлага овие намирници да се комбинираат со овошје или тост од цело житно зрно за урамнотежен оброк.

притисни ентер