Костадиновска-Стојчевска: Идеалите на Делчев за слобода и рамноправност се нашиот патоказ

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, изрази задоволство .

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.

„Делото на Гоце Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме. Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска по повод откривањето на бистата на Делчев, на годишнината од неговата смрт.

Минситерката за култура посочи дека народните херои, како Гоце Делчев, и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа. Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите нема никогаш да го изгубат значењето во нашето колективно постоење и во нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

„Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог“, додаде Костадиносвка-Стојчевска која на свеченоста присуствуваше со директорката на Завод и Музеј - Битола, Мери Сојанова, која во континуитет ги продолжува проектите на „Смарт фор ју ту“, за прекугранична соработка со Албанија, со што активно придонесува за поврзаноста на населението во граничниот појас.

Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател, Васил Стеровски, дека оваа биста е симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода.

„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни е потребно единство и решителност. Нека примерот на Гоце Делчев биде наш водич и инспирација“, рече Стеровски кој додаде дека како Македонска алијанса за европска интеграција продолжуваат да се борат за правата и идентитетот на македонскиот народ во Албанија.

На свеченоста по повод 121 годишнината од смртта на големиот револуционер присуствуваа претставници на Движеньето "За наша Македонија", на Македонска алијанса за европска интеграција од Голо Брдо, од Светскиот Македонски Конгрес, од Заедницата на Македонците од Егескиот дел на Македонија протерани од Грција, од Соузот на здруженијата на македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, како и од Македонскиот национален совет на Србија.

Бистата на Гоце Делчев е изработена од уметникот Зоран Тошевски, а е поставена пред цркавата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев. Како што велат од Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со поставувањето на бистата на големиот херој, Македонците од Пустец ја потврдуваат својата верба дека вредностите за кои тој се борел остануваат живи и водилка и за денешните генерации. Поставувањето на оваа биста ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа, се наведува во партиското соопштение.

Во Охрид почина деветмесечно бебе: Било донесено во неконтактибилна состојба

Деветмесечно бебе почина во општата болница во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. Бебето претходно со итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, вели Димоски.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција.

Ова е втора трагедија во Охрид последните неколку дена... Во вторникот во специјализираната болница „Свети Еразмо“ почина и седуммесечно бебе од Вевчани, кое било донесено со хематом на главата и потврдено мозочно крварење, по пад од импровизиран кревет во домот на семејството.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

притисни ентер