Косово: Судењето на 45-те Срби обвинети во случајот Бањска ќе почне на 25 септември

Судот ја објави информацијата преку писмен одговор доставен денеска до невладината организација која ја следи работата на косовското судство, „Заклетва за правда“.

Основниот суд на Приштина соопшти дека судскиот процес против 45 обвинети за терористичкиот напад на 24 септември 2023 година во Бањска те Звечани, на северот на Косово, во кој косовски полицаец и тројца српски напаѓачи, ќе започне следната среда, на 25 септември, јави дописникот на МИА од Приштина.

Судот ја објави информацијата преку писмен одговор доставен денеска до невладината организација која ја следи работата на косовското судство, „Заклетва за правда“.

„Во врска со вашето барање за информација, ве известуваме дека првичното рочиште за овој кривичен предмет е закажано да се одржи на 25.09.2024 година во 09:30 часот. Судија на предметот е Арбен Хоти, судија во Специјалното одделение на Основниот суд во Приштина“, се наведува во одговорот на приштинскиот суд.

Претходно, на 11 септември годинава, Специјалното обвинителство на Република Косово поднесе обвинение против поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста како водач на групата, како и против уште 44 лица.

Обвинетите се товарат дека „со употреба на насилство со тешко оружје се обиделе да го отцепат северниот дел на територијата на Република Косово и истиот да го приклучат на Република Србија, при што како резултат на употребеното насилство, загина полицаецот Африм Буњаку, а беше загрозен и животот на други полициски службеници и на цивилното население“.

Шефот на терористичката група, Радоичиќ, се товари дека индиректно обезбедувал приходи од 2017 година до 24 септември 2023 година и тие пари ги претворил во недвижен и движен имот, при што дел од недвижниот имот префрлил на трети лица, со цел да го сокрие изворот на богатството.

Обвинетите 45 лица од срспка националност се товарат за сторени кривични дела „Извршување терористичко дело“, „Тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“, „Олеснување и финансирање на тероризам“ и „Перење пари“. /МИА

Германија поднесе кандидатура за домаќин на женското ЕП 2029 во фудбал

Германија е кандидат за домаќин на Европското првенство во фудбал за жени во 2029 година, соопшти денеска Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф изјави дека германската кандидатура е „главен проект“ на федерацијата и дека ќе му даде „дополнителен поттик“ на женскиот фудбал во Германија.

Противкандидати на Германија за организација на завршниот турнир се Португалија, Данска и Шведска.

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално ќе го објави името на земјата домаќин во 2025 година.

Генералниот секретар на ДФБ, Хајке Улрих, ја смета Германија за „сигурен домаќин со одлична стадионска инфраструктура и одлична соработка меѓу градовите домаќини и локалните власти“.

Германија беше домаќин на Европското првенство за мажи во 2024, а го организираше ЕП за жени во 1988 година, во Западна Германија и во 2001 година. /МИА

Истрагата за обидот за атентат на Трамп: Агентите премногу опуштени, протоколот прекршен

Истрага на американската тајна служба покажа недоволна комуникација и недоволна подготовка од страна на агентите пред о0бидот за атентат на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија во јули.

Директорот на службата, Роналд Роу, денеска им изјави на новинарите дека некои агенти биле премногу опуштени додека го обезбедувале собирот во Батлер, што довело до „прекршување на безбедносните протоколи“. Тој нагласи дека тие вработени во агенцијата ќе одговараат за својата непрофесионалност.

Обидот за атентат на Трамп на 13 јули предизвика жестоки критики за службата што го обезбедува претседателот и другите високи функционери, што на крајот резултираше со оставка на поранешната директорка. На критичарите им е нејасно како осомничениот успеал да стигне до покривот со директен поглед на бината каде што поранешниот претседател го држел својот говор.

Во атентатот беше оштетен дел од увото на Трамп, еден од присутните беше убиен, а други двајца беа повредени. Безбедносните сили го убиле 20-годишниот напаѓач. Во меѓувреме, Тајната служба објави дека се „срами“ од нејзиното нарушување на безбедноста.

Властите го истражуваат и вториот обид за атентат врз Трамп, кој се случи во неделата на Флорида. Во тој случај, Тајната служба успеала да го уапси напаѓачот, а републиканскиот кандидат не бил застрелан. Роу нагласи дека Трамп има исто ниво на заштита како претседателот Џо Бајден и демократската противкандидатка Камала Харис на претстојните ноемвриски избори.

Извор: Индекс.хр

Бајден: САД работат на тоа да им се овозможи на раселените од северен Израел да се вратат дома

Бајден изјави дека САД работат на тоа да им се овозможи на раселените жители од северен Израел да се вратат дома

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „работи“ на тоа да им се дозволи на луѓето да се вратат во своите домови на тензичната израелско-либанска граница, во неговите први коментари за ситуацијата по бранот експлозии на пејџери и воки-токи насочени кон терористичката група Хезболах.

Бајден на почетокот на состанокот на кабинетот изјавил пред новинарите дека сака „да се увери дека луѓето во северен Израел, како и во јужен Либан ќе можат да се вратат во своите домови, да се вратат безбедно“.

- И државниот секретар, секретарот за одбрана, целиот наш тим работи со разузнавачката заедница за да се обиде да го направи тоа. Ќе продолжиме со тоа додека не го завршиме, но имаме уште да работиме, рече Бајден./МИА

притисни ентер