Косово доби поддршка за прием во Советот на Европа, конечната одлука на средината на мај

Најавата на Талат Џафери се оствaри – двајцата македонски пратеници во паралментарно Собрание на Советот на Европа, Дарко Каевски од СДСМ и Арта Биљали -Зендели од ДУИ, синоќа гласаа „За“ членство на Косово во организацијата..

Каевски не достапен за коменатр околу одлуката, а ставот на делегацијата од говорницата го аргументираше пратеничката на ДУИ.

-Коментарите дека ова членство ќе испровоцира понатамошни војни и конфликти во Европа, не звучат добро и не води кон добар однос помеѓу нас. Сите демократски држави и организации повикуваат на дијалог помеѓу Косово и Србија и според мое мислење ова членство ќе го поттикне овој дијалог. - Арта Биљали Зендели – Член на ПССЕ/ДУИ

По прозивките на ДУИ, Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ кој исто така е член на Паралментарното Собрание вели дека не присуствувал на сесијата поради ангажманот во изборниот процес. Околу членството на Косово во Совет на Европа Николоски за Канал 5 вели:

-Кога ќе формираме Влада, ќе извршиме консултации со стратешките партнери и релевантните институции на ЕУ. Гласањето на Парламентарното Собрание важи само ако гласаат 2/3 од министрите за надворешни. Во време кога ќе се носи таа одлука ВМРО ДПМНЕ ќе има формирано Влада. – е ставот на Николоски..

Кончената одлука треба да се донесе од министрите на 16 и 17 мај, но со оглед дека не е потребен консензус се очекува да биде усвоена Препораката што ја изгласа Парламенатрното Собрание..

Одлуката од Стразбур со поздрав ја пречекаа во Приштина наспроти жестокото спротиставување на Белград.

-Добри вести за нашите граѓани, за нашата земја и за нашиот континент. Денеска заокружуваме многу важен чекор на патот кон пристапување во Советот на Европа. Се надевам дека во мај и Комитетот на министри ќе го стори истото. – Албин Курти – Премиер на Косово

-Она што го видовме вчера во Стразбур е продолжување на тој фестивал на лицемерие и уште една шајка во мртовечкиот ковчег на меѓународното јавно право и сите стандарди што треба да важат. Се поддржува влезот во СЕ на која територија која не е членка на Обединетите Нации. – Милош Вучевиќ – Мандатар за нова Влада на Србија

Инаку, ЗА извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани гласаа 131 пратеник од 171 присутен, „против“ се изјаснија 29, а „воздржани“ беа 11 пратеници.

Македонски Телеком со приходи од продажба од 2.967 милиони денари во првиот квартал

 Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на Македонски Телеком во првиот квартал годинава е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од 15,2 проценти.

Приходите од продажбата се зголемени за три проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари, соопшти денеска компанијата.

Како што информираат, бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7 проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти.

-И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници, информира Телеком и посочува дека со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците - Magenta Moments, достигнале 160 000 корисници.

Од Македонски Телеком истакнуваат дека во однос на ширењето и инвестициите во оптичката мрежа бележат 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

- Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги, стои во соопштението.

Со 151 илјада корисници на ТВ пазарот што е раст од 2,3 проценти, посочуваат дека остануваат на лидерската позиција во овој сегмент со удел од 34,4 проценти.

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

притисни ентер