Кошарка СП: Франција, Хрватска и Мексико обезбедија осминафинале

Селекциите на Франција, Хрватска и Мексико им се приклучија на деветте репрезентации кои пред одигрувањето на натпреварите од последното 5.коло во групната фаза имаа обезбедено пласман во осминафиналето на Светското кошаркарско првенство во Шпанија.

Французите го совладаа Иран 81:76 во дуелот од „А„ групата и завршија како трето пласирани. Пласман од оваа група обезбедија и, Шпанија, Бразил и Србија.

Во „Б„ конкуренцијата Хрватска беше подобра од Порторико со 103:82, со „Коцкестите„ што им се придружи на Аргентина, Грција и Сенегал кој денеска по продолжение загуби од Филипини 79:81.

Најголемото изненадување го направија Мексиканците кои „Д„ групата ја победија Јужна Кореја со 81:71 и со две победи во групата завршуваат како четврто пласирани, зад Словенија, Литванија и Австралија. Во „Ц„ конкуренцијата со победата Нов Зеланд со триумфот над Финска 67:65, останаа во конкуренција за трите слободни места кои водат во осминафиналето имајќи в предвид дека Американците тука се неприкосновени со пет максимални победи.

За Финците заврши првенството, а дали Нов Зеланд ќе игра во осминафиналето ќе зависи од последниот натпревар во оваа група во кој ќе играат Турција - Доминиканска република. Исходот од овој дуел го исчекуваат и Украинците кои попладнево загубија од САД со 95:71.

Ова е мажот, чие шише го погоди Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим (ВИДЕО)

Претходниот ден Мастерсот во Рим го одбележа мечот на најдобриот во светот Новак Ѓоковиќ, но и она што се случи потоа. Српскиот тенисер бил погоден со шише во главата.

Сепак, иако на почетокот се чинеше дека некој го удрил, ситуацијата е нешто поинаква, бидејќи на едно момче му паднало шишето од ранец и паднало право врз главата на српскиот тенисер.

Повредата на Новак потоа мораше да биде сошиена, а сѐ се заврши добро, па нема сериозни повреди.

Набрзо на социјалните мрежи се појави слика од момчето на кое шишето му испаднало од ранецот.

Овој човек не ни знаел што се случило, што може да се види на видеото.

Израел ги засили нападите врз Рафа, се заканува нова хуманитарна катастрофа

Израелските сили и покрај меѓународните предупредувања ги засилија нападите врз Рафа, од каде досега побегнаа околу 110.000 луѓе. 

Во тек се жестоки борби во јужниот дел на Рафа. Израелските тенкови навлегуваат подлабоко во градот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ја продолжува борбата против Хамас, како што наведе, „дури и ако остане и сам“.

- Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами. Ќе се бориме со нокти и заби. Денес сме многу посилни. Одлучни сме и обединети да го победиме нашиот непријател и оние кои сакаат да не уништат, изјави Нетанјаху.

Израелскиот воен кабинет одобри проширување на областа на операции во Рафа. Неименувани извори за американските медиуми изјавиле дека тоа ќе биде одмерено проширување, кое нема да ја премине црвената линија на американскиот претседател Џо Бајден.

Агенциите за помош на Обединетите нации претходно предупредија дека намалувањето на резервите на храна и гориво може да ги запре операциите за помош во рок од неколку дена во Газа, бидејќи главните премини се затворени, што доведува до затворање на болници и дополнителна неухранетост.

Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри резолуцијата за проширување на палестинските права во Светската организација. Резолуцијата го повикува Советот за безбедност да ја преиспита палестинската апликација за членство во Обединетите нации. САД досега го блокира секој обид со вето.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борељ, пак, најави дека Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро и официјално ќе ја признаат Палестина, што, како што рече, може да ги поттикне и другите членки на Унијата да го сторат истото.

Во меѓувреме, Франција го повика Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах. Француското Министерство за надворешни работи го повика и на итно отворање на преминот Рафа кон Египет, кој од пред неклку дена е под израелска контрола.

Париз изрази жалење за започнувањето на израелската воена операција во Рафах и ги повика израелските власти „да направат се што е можно за да обезбедат заштита на цивилите и да гарантираат пристап до хуманитарна помош, во согласност со меѓународното право“.

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

БРАКО ќе претстави ново електрично возило од својот бренд Грин Машинс на светскиот саем IFAT, кој следната недела ќе се одржи во Минхен.

Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за развој на БРАКО/Грин Машинс и е сосема ново техничко и функционално решение во програмата за производство на возила за одржување урбана хигиена.

Моделот 720 ZE работи на електричен погон и e со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, поголем контејнерски простор, широка кабина за две лица, 360⁰ камера и оптимизиран начин на чистење.

Се очекува новиот модел да отвори уште повеќе пазари во светот, каде се бараат возила за одржување хигиена од овој габарит и перформанси.

Моделот 720 ZE беше најавен како концепт на саемот IFAT во 2022 гoдина и тимот за развој планираше да го развие во следните две години, во што и успеа и создаде возило кое е целосно замислено, проектирано и произведено во погоните на БРАКО.

Возилото во завршна фаза беше претставено пред гостите на прославата на 20-годишнината на Феро Инвест и БРАКО пред шест месеци, а сега во Германија ќе ја доживее својата светска промоција, соопштуваат од компанијата.

притисни ентер