Кошарка СП: Бразил во осминафиналето, Турција останува во игра

Селекцијата на Бразил обезбеди пласман во осминафиналето, а Турција останува во игра за место меѓу шеснаесетте најдобри на Светското кошаркарско првенство кое се одржува во Шпанија.

На Мундобаскет денеска на програмата се натпреварите од 4. коло во сите четири групи. Во конкуренцијата А, кошаркарите на Бразил ја победија Србија и со третата победа во групата осигураа осминафинале. Турција се изнамачи во дуелот со Финска, по до победата која значи одржување на шансите за осминафиналето, Турците стигнаа по продолжението.

До крајот на петтиот натпреварувачки ден на првенството останува да се одиграат уште четири средби, меѓу кои и дербито во кое домаќинот Шпанија за противник го има актуелниот европски првак Франција.

Резултати и двојки:

А група: Египет – Иран 73:88, Србија – Бразил 73:81 и Шпанија - Франција (во термин од 22 часот)

Табела: Шпанија 3-0 (победи-порази), Бразил 3-1, Франција 2-1, Србија 2-2, Иран 1-3 и Египет 0-4.

Б група: Филипини – Порторико 73:77, Сенегал – Аргентина 46:81 и Грција - Хрватска (започна од 20 часот).

Табела: Аргентина 3-1, Грција 3-0, Сенегал 2-2, Хрватска 2-1, Порторико 1-3 и Филипини 0-4.

Ц група: Нов Зеланд – Украина 73:61, Турција – Финска 77:73 (по продолжение 68:68) и Доминиканска Р. - САД (почнува од 21.30 часот)

Табела: САД 3-0, Украина 2-2, Доминиканска Р. 2-1, Нов Зеланд 1-3, Турција 1-3 и Финска 1-3.

Д група: Мексико – Австралија 62:70, Словенија – Ангола 93:87 и Литванија - Ј. Кореа (започна од 20 часот)

Табела: Австралија 3-1, Словенија 3-0, Литванија 2-1, Мексико 1-3, Ангола 1-2 и Ј. Кореа 0-3.

Израел ги засили нападите врз Рафа, се заканува нова хуманитарна катастрофа

Израелските сили и покрај меѓународните предупредувања ги засилија нападите врз Рафа, од каде досега побегнаа околу 110.000 луѓе. 

Во тек се жестоки борби во јужниот дел на Рафа. Израелските тенкови навлегуваат подлабоко во градот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ја продолжува борбата против Хамас, како што наведе, „дури и ако остане и сам“.

- Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами. Ќе се бориме со нокти и заби. Денес сме многу посилни. Одлучни сме и обединети да го победиме нашиот непријател и оние кои сакаат да не уништат, изјави Нетанјаху.

Израелскиот воен кабинет одобри проширување на областа на операции во Рафа. Неименувани извори за американските медиуми изјавиле дека тоа ќе биде одмерено проширување, кое нема да ја премине црвената линија на американскиот претседател Џо Бајден.

Агенциите за помош на Обединетите нации претходно предупредија дека намалувањето на резервите на храна и гориво може да ги запре операциите за помош во рок од неколку дена во Газа, бидејќи главните премини се затворени, што доведува до затворање на болници и дополнителна неухранетост.

Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри резолуцијата за проширување на палестинските права во Светската организација. Резолуцијата го повикува Советот за безбедност да ја преиспита палестинската апликација за членство во Обединетите нации. САД досега го блокира секој обид со вето.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борељ, пак, најави дека Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро и официјално ќе ја признаат Палестина, што, како што рече, може да ги поттикне и другите членки на Унијата да го сторат истото.

Во меѓувреме, Франција го повика Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах. Француското Министерство за надворешни работи го повика и на итно отворање на преминот Рафа кон Египет, кој од пред неклку дена е под израелска контрола.

Париз изрази жалење за започнувањето на израелската воена операција во Рафах и ги повика израелските власти „да направат се што е можно за да обезбедат заштита на цивилите и да гарантираат пристап до хуманитарна помош, во согласност со меѓународното право“.

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

БРАКО ќе претстави ново електрично возило од својот бренд Грин Машинс на светскиот саем IFAT, кој следната недела ќе се одржи во Минхен.

Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за развој на БРАКО/Грин Машинс и е сосема ново техничко и функционално решение во програмата за производство на возила за одржување урбана хигиена.

Моделот 720 ZE работи на електричен погон и e со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, поголем контејнерски простор, широка кабина за две лица, 360⁰ камера и оптимизиран начин на чистење.

Се очекува новиот модел да отвори уште повеќе пазари во светот, каде се бараат возила за одржување хигиена од овој габарит и перформанси.

Моделот 720 ZE беше најавен како концепт на саемот IFAT во 2022 гoдина и тимот за развој планираше да го развие во следните две години, во што и успеа и создаде возило кое е целосно замислено, проектирано и произведено во погоните на БРАКО.

Возилото во завршна фаза беше претставено пред гостите на прославата на 20-годишнината на Феро Инвест и БРАКО пред шест месеци, а сега во Германија ќе ја доживее својата светска промоција, соопштуваат од компанијата.

Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на „Мајски оперски вечери“

Во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, информираат од Националната опера и балет. 

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена.

Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

притисни ентер