Корисни совети со помош на кои ќе ја сочувате вашата чоколадна нијанса на кожата цело лето

Еве како убавата боја да ја одржите подолго време.

Јадете храна богата со бета-каротин, како што се моркови и диња или земајте капсули со витамин Б, кои не само што ќе ја задржат бојата на вашиот тен, туку имаат и ефект против стареење. Пијте вода затоа што колку и да се трудите да ја одржувате кожата влажна однадвор, доколку не ја хидрирате одвнатре нема да имате добри резултати.

Сериозно хидрирајте ја вашата кожа. Колку кожата е повлажна, подолго ќе го задржи бронзениот тен, така што по секое туширање негувајте ја со хидратантна крема. Кога сме веќе кај туширањето, температурата на водата никако не смее да биде премногу висока. Топлата вода ја суши кожата, а со неа и бојата на кожата брзо исчезнува. Затоа, туширајте се со млака вода.

Пробајте масло за нега на кожата, бадемово на пример. Најдобро е да го нанесувате нежно на влажна кожа по туширање. Не се облекувајте додека кожата не го апсорбира.Избегнувајте премногу честа употреба за средства за туширање, бидејќи ја сушат кожата, и одбирајте од оние чија pH вредност е блиску до природната pH на кожата. Немојте да ја триете кожата со пешкир туку вишокот на влага од телото натапкајте ја нежно со пешкир.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер