Конгресот одби да го финансира ѕидот на Трамп , тој веднаш се закани со вето

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска доживеа голем пораз во Конгресот , каде беше одбиен неговиот предлог за финансирање на ѕидот на јужната граница на САД , за што гласаа и 12 републикански сенатори.

Бранејќи го еден од најзначајните проекти во неговиот мандат , Трамп најави вето на одлуката донесена од сенаторите. Тоа би значело дека градбата на ѕидот ќе може да продолжи.

,,ВЕТО!” , објави Трамп на Твитер веднаш по гласањето во Конгресот.

Тоа ќе биде прв пат Трамп да примени вето за да го исполни своето големо предизборно ветување , иако во Сенатот републиканците имаат мнозинство со 53 од 100 места.

Трамп се обидува да добие околу 8 милијарди долари за да го изгради ѕидот долж границата кон Мексико.

Народна банка: Да се провери дизајнот на предната и задната страна на евро монетата

Народна банка на Македонија посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра.

-Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евро монети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непрепознатливи, а се разликува и растојанието помеѓу поединечните симболи и зборови, се вели во соопштението.

Преку употреба на магнет, наведуваат дека може релативно лесно и едноставно да се утврди фалсификувана кована пара.

- Централниот дел на монетите е изработен од посебен безбедносен материјал кој е поседува слаби магнетни својства, додека надворешниот прстен не поседува магнетни својства. За разлика од оригиналните, фалсификуваните монети имаат изразено силни магнетни својства или пак воопшто ги немаат, стои во соопштението од Народна банка.

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат 1 Мај

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“.

Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени.

Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот.

Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава.

Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42.000 полицајци. /МИА

15 годишник најмлад пациент со мозочен удар

25 илјади пациенти во статистиката биле запишани дека минатата година имале мозочен удар.

15 годишен пациент е најмладјиот на клиниката за неврологија. Неврохирургот Рендевски вели дека бројката се зголемува и на клиниката за неврохирургија, но и расте бројот на мозочни удари и кај млади луѓе. Причина за мозочните удари се нерегуларниот висок притисок. Емотивниот стрес, големата количина на храна со сол е причина за високиот притисок. Неврохиругот Рендевски вели дека многу често високиот крвен притисок се игнорира но последиците се големи и со ризик за губње на живот. Она што е важно е лекувањето по хеморагичните мозочни удари. Неврохирургот Рендевски и биологот Алексовски со години ја истражуваат маркерките кои по прележаниот удар покажуваат како ќе се лекува пациенотот. Преку математички формули определуваат како биомаркерите влијаат вра развојот на отокот по ударот.

Истражувањето е објавено во престижното медицинско списание Интеч Опен во Лондон го објави истражувањето „Двете страни на глутаматот“ маркер кој е најодговорен за лекувањето по прележан удар.

Рендевски и Алексовски веруваат дека со развојот на ова истражување ќе се направи фокус во лекувањето кај пацинтите со мозочен удар.

притисни ентер