Конференцијата на екстремната десница во Европа продолжи откако вчера беше запрена

 Меѓународната конференција на екстремно десничарски политичари и поддржувачи продолжи денеска во Брисел, откако организаторите поднесоа тужба против локалните власти кои го запреа настанот бидејќи може да претставува закана за јавниот ред.

На „Националната конзервативна конференција“ - средба на екстремните националисти и фундаменталистички христијани, се очекува денеска да зборува унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден ден откако таму зборуваше Најџел Фараж - човекот за кој се верува дека има најголема заслуга за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Францускиот екстремен десничар Ерик Земур се очекуваше вчера да ги критикува новите правила на ЕУ за мигрантите и азилот, но полицијата не му дозволи да учествува на настанот.

Градоначалникот на местото каде се одржуваше средбата, по неколку часа и наредил на полицијата да не дозволува повеќе луѓе да влегуваат во салата, но настанот продолжил за оние што биле внатре. Тој рече дека овие мерки ги презедел откако антифашистичка група се закани дека ќе го прекине состанокот.

Сепак, судија во Брисел го суспендираше спроведувањето на наредбата на градоначалникот откако организаторите поднесоа тужба против локалната власт. Белгиските и британските лидери претходно изразија загриженост поради забраната.

„Автономијата на општинските власти е камен-темелник на нашата демократија, но таа никогаш не може да го надмине белгискиот устав, кој ја гарантира слободата на говор и мирно собирање од 1830 година. Забраната на политички состаноци е неуставна. Точка“, напиша во објава на Икс белгискиот премиер Александар де Кро, кој е либерал и противник на екстремната десница.

Портпаролката на британскиот премиер Риши Сунак ја нарече забраната „екстремно вознемирувачка“. /МИА

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија.

Ченг Чарли Сифан од Портланд на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон рече дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив.

Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

Видео: Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. 

Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции.

Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција.

Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата).

притисни ентер