Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ

Во Охрид денеска ќе почне работниот дел од конференцијата на Советот на министри за култура на ЈИЕ (КОМОКОСЕЕ) – „Јакнење на културата во функција на развојот“.

На форумот, кој е во организација на Министерството за култура на Република Македонија во својство претседавач со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, воведни обраќања ќе имаат генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Организаторите најавуваат присуство на министрите за култура на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија, Србија и Црна Гора, заменик-министерот за култура од Бугарија, голем број експерти, претставници на УНЕСКО, како и претставници на Секретаријатот на Регионалниот совет за соработка.

Како што наведуваат од Министерството за култура, овој значаен настан претставува прва регионална министерска средба, којашто го потврдува спојувањето на платформата на КОМОКОСЕЕ со платформата за регионална соработка на УНЕСКО во областа на културното наследство.

Спојувањето на двете платформи ќе придонесе за подобрување на менаџментот во областа на културата и на културното наследство; заеднички пристап за зголемување на продуктивноста во трошењето на расположивите фондови; промовирање на креативноста и диверзитетот на културните изрази како средства за одржлив развој; натамошен развој на образованието од областа на културата и уметноста, развој на креативните индустрии, а особено дизајнот, филмот и аудиовизуелните уметности, како и натамошно зајакнување на прекуграничните активности меѓу државите во регионот.

Исто така, на конференцијата ќе стане збор и за натамошното развивање на институционалните и професионалните капацитети во регионалните центри, како и за отворањето нови центри во приоритетните области од заеднички интерес.

- Во рамките на конференцијата ќе биде постигнат заеднички договор за поставување на „КОМОКОСЕЕ - јакнење на културата во функција на развојот“ како најзначајна изворна иницијатива за регионална соработка, информира Министерството за култура. /МИА

Русите го зазеле селото Бердичи, кај Авдеевка, во источна Украина

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговите сили ја презеле контролата врз селото Бердичи во источна Украина, јавија руските медиуми.

„Како резултат на активните акции, единиците на армиската група „Центар“ целосно го ослободија населеното место Бердичи во Доњецката Народна Република, а исто така ги подобрија тактичките позиции и им нанесоа порази на формациите на 59-та моторизирана пешадиска бригада, 42-та, 47-та механизирана бригада на ВСУ (Вооружени сили на Украина) и 109-та бригада за територијална одбрана во областите на населените места Воздвиженка, Калиново, Сокол, Новопокровское и Прогрес во Доњецката Народна Република“, се вели во соопштението на Министерството. /МИА

Стано: Очекуваме новата Влада на Србија да работи на стратешката цел за членство на земјата во

 ЕУ со нетрпение очекува да соработува со новата српска Влада и очекува таа да испорачува резултати во однос на стратешките цели на Србија, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Србија е земја кандидат за членство и го посочува пристапувањето во ЕУ како свој стратешки приоритет, па Европската Унија и земјите членки очекуваат тоа да го покаже и во пракса, нагласи Стано, запрашан за коментар за тоа што во новата српска Влада, како што беше посочено, се предложени двајца министри кои се наоѓаат на листата на лица кон кои ЕУ има воведено санкции.

Според Стано, Србија знае што се очекува од неа како земја кандидат за членство во ЕУ кога станува збор за исполнување на критериумите, особено за оние поврзани со надворешната политика и за усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Кога станува збор за конкретните лица, како што нагласи Стано, активностите и изјавите на предложениот вицепремиер Александар Вулин во минатото биле во спротивност со декларираните приоритети на Србија, кога станува збор за обврските поврзани со процесот на пристапување и односите со Русија.

- Членството во ЕУ е стратешки избор и очекуваме од Србија и нејзината Влада, независно во кој состав, да ја демонстрираат посветеноста на европскиот пат, во интерес на нејзиниот народ и на нејзиниот кредибилитет, бидејќи одлуката да се избере европската интеграција за стратешка цел беше донесена од српските власи. Затоа очекуваме од нив да испорачаат и секој член на Владата да работи на таа цел колку што може, додаде Стано. /МИА

Лидерот на Златна зора ќе излезе од затвор

Поранешниот лидер на сега непостоечката неонацистичка партија Златна зора Никос Михало-Љакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор, пренесуваат грчките медиуми.

Судот во градот Ламиа донел одлука тој да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната. Златна зора пред четири години беше прогласена за криминална организација обвинета за бројни насилства од омраза , а нејзиниот лидер и пет поранешните пратеници добија 13 години затворска казни. Михалољакос, според одлуката на судот, ќе има забрана да ја напушта поширокиот регион на атина и ќе треба еднаш месечно да се јавува во полициска станица, пишува Катимерини. Златна зора беше дел од парламентот во периодот од 2012 до 2019 година..

притисни ентер