Концерт на Емилија Кабранова-Филипова и Кристина Палија

Емилија Кабранова-Филипова на пијано и Кристина Палија-сопран вечер ќе одржат концерт во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Концертот е во рамки на Прилепското културно лето. На програмата се дела од Рахмањинов, Чајковски, Дебиси, Пуланк, Каталини, Пучини, Верди, Гершвин...

Емилија Кабранова-Филипова почнала да свири пијано на осумгодишна возраст. Средно образование завршила во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Кристина Ангеловска-Крагуевска, а дипломирала во класата на проф. Стела Слејанска. Добитничка е на повеќе награди. Од 2005 година работи како професор по пијано и пијано соработник во ДМУЦ „Тодор Скаловски-Тетоец“-Тетово и во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и настапува со ученици на меѓународни натпревари низ Србија, во Белград, Ниш, Пожаревац, Сремска Митровица.

Пијано соработник е со хорот „Менада“ со кој остварила бројни настапи низ Македонија, Албанија, во Драч, Тирана... Од 2011 година работи во ООМУ „Владимир Арсовски“-Неготино. Со сопранот Кристина Палија остваруваат успешна соработка. Настапиле со самостојни концерти во Неготино на манифестацијата „Топол културен бран“, во Кавадарци, Виница, Велес.

Кристина Палија – сопран, средно стручно образование завршила во Средното музичко училиште во Штип, на отсекот по соло пеење кај проф. Александра Коцевска. Прв циклус на студии запишува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Факултетот за музичка уметност. Добитник е на повеќе награди во Македонија, Србија, Косово... Дипломирала на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Марија Муратовска – Наумовска, а магистрирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за музичка уметност, со највисока оцена на отсекот по соло пеење, 10 во класата на проф. Весна Ѓиновска – Илкова. Своето деби го доживува на сцената на Македонската опера и балет со улогата на „Микаела“ во операта „Кармен“.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер