Комплетирано второто коло на Мундобаскетот во Шпанија

На Светскиот куп во кошарка што се одржува во Шпанија синоќа беа одиграни последните натпревари од групите од 2.коло.

По првите две кола седум репрезентации имаат по две победи (Шпанија, Бразил, Хрватска, Грција, САД, Словенија и Литванија), а истотолку имаат по два пораза (Египет, Иран, Порторико, Филипини, Нов Зеланд, Мексико и Јужна Кореја).

Скор од една победа и еден пораз имаат: Србија, Франција, Аргентина, Сенегал, Доминиканска република, Украина, Турција, Финска, Австралија и Ангола.

Резултати и табели:

А група:

Србија - Франција 73:74
Бразил – Иран 79:50
Шпанија - Египет 91:54
Табела: Шпанија 2-0 (победи-порази), Бразил 2-0, Србија 1-1, Франција 1-1, Египет 0-2, Иран 0-2.

Б група:

Аргентина - Хрватска 85:90
Сенегал - Порторико 82:75
Филипини - Грција 70:82
Табела: Грција 2-0, Хрватска 2-0, Аргентина 1-1, Сенегал 1-1, Филипини 0-2, Порторико 0-2.

Група Ц:

Доминиканската Република - Нов Зеланд 76:63
Финска - Украина 81:76
Турција – САД 77:98
Табела: САД 2-0, Украина 1-1, Доминиканска р. 1-1, Турција 1-1, Финска 1-1, Нов Зеланд 0-2.

Д група:

Јужна Кореа – Австралија 55:89
Словенија - Мексико 89:68
Литванија – Ангола 75:62
Табела: Словенија 2-0, Литванија 2-0, Австралија 1-1, Ангола 1-1, Мексико 0-2 и Ј.Кореа 0-2.

Денеска на шампионатот се играат натпреварите од 3.коло, а двојките се: Иран – Србија, Франција – Египет, Шпанија – Бразил (А група), Хрватска – Сенегал, Аргентина – Филипини и Порторико – Грција (Б група).

Во групите Ц и Д е слободен ден.

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Индијана пејсерс ноќеска го победи Њујорк никс во шестиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со 116:103. Резултатот во серијата прв до четири победи сега е израмнет 3:3 и за пласман во полуфиналето ќе одлучува мајсторка.

Џејлен Брунсон со 31 поен беше најефикасен кај Њујорк, но тоа не беше доволно неговиот тим да се спаси од пораз.

Во победничката екипа се истакна Паскал Сиакам со 25 поени, седум скока и пет асистенции.

Седмиот натпревар во серијата ќе се одигра утревечер на теренот на Њујорк.

Победникот од оваа пресметка ќе оди на Бостон селтикс во конференциското финале на Исток. /МИА

Премиера на претставата за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

 Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје вечерва ќе се одржи премиера на претставата за млади „Адамс Фемили“ со адаптација и во режија на Теа Беговска.

-Фамилија Адамс е приказна со која сите сме растеле и за поголемиот дел од публиката е веќе позната. Карактерите се препознатливи, многу атрактивни и предизвикувачки за креирање, како за актерите така и за режисерот. Оваа идеја за Фамилија Адамс за Теа Беговска постои повеќе од осум години и е среќна што Албанскиот Театар за деца и млади му даде шанса на овој проект да се реализира токму со ваква прекрасна екипа на актери. Имаме подела за карактерите која е полн погодок кај нас, се посочува во најавата за претставата.

Претставата е намената за млади и тинејџери, но и за возрасните, за родителите и сите семејства.

-Претстава во која како тема се проткајува љубовта и разбирањето за тоа дека таа е најсилна од се’. Прифаќање на нештата онакви какви што се. Разбирање за тоа дека убавината е во различноста, среќата е во различноста. Среќата како начин и избор, а не нешто наметнато и научено според правила. Вредностите на општеството се учат и применуваат само преку различностите, а не преку строги, одредени и единствени правила. Вредностите на едно семејство не се тоа што го пишува во учебниците, вредностите на семејството не се однапред измислена и научена дефиниција на памет – семејството е искреност, верба, љубов, прифаќање – целосна хармонија, се посочува во соопштението.

Во претставата играат Валдета Исмаили, Мелика Кастрати, Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Флакрон Али, Елдин Широки, Гзим Жерка и Блерим Дардишта.

Сценографија е на Дардан Ахмети и Теа Беговска, костими на Андреј Папаз Ѓоргиевски, композитор е Енес Беговски, мајстор за звук Албин Сопа, мајстор на светлата Елмедин Брахими и Амет Чајани, сценски работник Ќамуран Шапка и Јетмир Адеми, а гардероба на Месер Џемаили./МИА

Утринска уметничка акција на Озбек Ајваз

Во денешните утрински часови, уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната ,,Лотус” во гратскиот парк во Скопје, го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, кое е дел од проектот за проблемот со јавните вециња во градот.

Со последната акција, тие скааат да прикажат едно предлог решение, па за тоа претставуваат една макета -констрикција со испринтаниот тоалет во паркот. Тоалетот би бил изведен од метална контрукција, обложен со дрвени панели, неговите димензии би биле минимални 150 X 250 X 250 сантиметри, за да биде поекономичен за масивно производство и за понатамошно одржување. Исто така овој тоалет би имал можност да се постават и соларни панели на кровот, и исто така да има извор на природна вентилација и светло. Екстериерот на тоалетот би имал зелени ѕидови (вертикално поставени растенија), кои би служеле како разубавување на градот и истите би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

Од страната на макетата има прикажано мапа на Градот Скопје, со означени локации каде би биле идеалните места во градот каде што се најнеопходни највеќе тоалети за главниот град и општините.

притисни ентер