Компании со високи стандарди сами ќе вршат царинска постапка

Македонија, заедно со другите земји од ЦЕФТА, до крајот на годината треба да издадат дозволи на најмалку две компании кои самите ќе ја вршат царинската контрола.

Директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов, по денешниот седми состанок на ЦЕФТА Поткомитетот за царина и правила на потекло што се одржува во Скопје, рече дека во постапка се три барања за издавање дозвола овластен економски оператор и оти се надева до крајот на годината дека ќе издадат барем на една компанија. Вели дека станува збор за производствени компании.

- Тоа значи дека компаниите се одлично организирани, Царинската управа има одлична соработка со нив, им верува на нивните системи за контрола и извесно е дека тие ќе бидат изземени од редовна царинска контрола на која подлежат сите други компании, изјави Каргов.

Тој додаде дека станува збор за компании кои имаат високи стандарди во работењето, ја знаат работата и сами го проценуваат превентивно ризикот од царински измами.

Истакна дека ова е голема повластица во нивното работење.

Засега се однесува само на царинската постапка во земјава, а понатаму е планирано со потпишување договори меѓу царинските служби со други држави да може да биде надвор од редовната царинска постапка и во друга држава од ЦЕФТА или ЕУ.

Ваквите договори, како што појасни директорот Каргов, ќе значи дека нашите организации и регулатива се на исто ниво и дека си веруваат меѓусебно.

Директорот на Царинската управа истакна дека за време на претседавањето со ЦЕФТА Поткомитетот се постигнати и други значајни резултати како што е воспоставувањето врска меѓу ЦЕФТА и Протоколот за потекло и Конвецијата за Пан-евро медитеранската конвенција, со која дијагоналната кумулација ќе се прошири со ЦЕФТА земјите и подоцна со медитеранските земји.

- Ова ќе овозможи бесцарински увоз и извоз во рамките на ЦЕФТА земјите заедно со ЕУ. Тоа дава можност за дијагонална кумулација на потеклото со земјите од Медитеранот. Република Македонија веќе почна со иницијатива за склучување нови договори за слободна трговија, кои треба да ја поттикнат нашата надворешна трговија, односно извозот во овие земји, рече Каргов.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со увозот на производи од Хрватска откако таа влезе во ЕУ, рече дека од јули таа не е повеќе членка на ЦЕФТА и сите правила што важат за земјите членки на ЕУ важат и за Хрватска. - Веќе немаме таква трговија со Хрватска. Поради ова зголемено е учеството во вкупната трговија со преференцијален третман во рамки на ЕУ. Околу 75 отсто од целокупната трговија што има преференцијален третман веќе е со ЕУ за сметка на ЦЕФТА. Тоа е разбирливо бидејќи Хрватска веќе има намалено учество, изјави Каргов.

Уште пет дена за претставување на предизборните програми и политички понуди

Денеска,е последен ден за објавување на резултати од анкети поврзани со учесниците во изборниот процес. 

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8 мај. Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.

На 30 април заврши пријавувањето за гласање на болните и немоќните лица, а до 4 мај на полноќ тоа треба да го сторат и избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор. Тие заедно со лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и пријавените од дијаспората гласаат ден пред изборниот ден, на 7 мај.

Денеска нов обид да се намалат цените на осигурителните полиси

Денеска  во министерството за финасии ќе има нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата. 

Според осигурителните компании цените за осигурување од автомобилска одговорност не се променети од 2008 година, или цели 15 години, период во кој се бележи општ пораст на цените на автомобилите и автомобилските делови. Комисијата за автомобилска одговорност при министерство за финансии, 15 години не дала препорака на владата за корекција на цените на авто осигурувањето. Од групација на осигурувањето при стопанската комора на македонија очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на осигурителниот сектор, да ги земат во предвид сите доставени детални и сеопфатни анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречно сервисирање на штетите. Од агенцијата за супервизија со податоци за Канал 5 брифираат о зошто цените на задолжителната автомобилска одговорност не треба да се зголемат. Според нив, за 2023 година за штети осигурителните компании исплатиле 39,3 милиони евра што претставува само 45%од парите наплатени од осигурениците. Додека наплатата била над 80 милиони евра. Агенцијата за супервизија на осигурување ја охрабрува владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА

 Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата.

Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари).

На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 123:93. Далас до третата победа во серијата прв до четири дојде најмногу по заслуга на Лука Дончиќ кој постигна 35 поени.

Во четвртфиналето победникот од двојката Далас – ЛА клиперс ќе игра со Оклахома Сити. /МИА

притисни ентер