Комората на овластени геодети од денеска нов член на ССК

Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи од денеска е 35. член на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

со ова ССК станува организација која претставува 35 стопански комори заедно со доплнителни 33 организации и институции или вкупно 68 правни лица.

Договорот за формализирање на соработката денеска беше потпишан во ССК.

– Формализирањето на соработката следи по разговорите што ги имавме и заедничките теми што при тоа ги изнајдовме на кои може да соработуваме за да се подобри работата на компаниите кои работат во геодетскиот сектор. Се надеваме дека во следната година ќе продуцираме резултати со кои ќе успееме да ја издигнеме професијата на едно повисоко ниво и да спроведеме европски и светски практики во областа на геодезијата, рече претседателката на ССК Данела Арсовска по потпишувањето на договорот.

Претседателот на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, Горан Јованоски посочи дека нивната комора е формирана во 2008 година и има за цел да ги застапува интересите на овластените геодети кои работат како трговци поединци и трговски друштва кои вршат геодетски работи врз основа на доделени јавни овластувања.

– Посветени сме и на промоција на дејноста која е директно врзана со повеќе економски гранки, едукација на компании, унапредување на регулативата и меѓународна соработка. Во остврување на овие цели партнерството со ССК е од исклучително значење и идната соработка се темели на зајкнување на улогата на нашите членки во економскиот развој, а особено вмрежување и создавање на партнерства со компании членки на Сојузот со цел решавање на нивните гедетски прашања и унапредување на дејноста, рече Јованоски и нагласи дека вмрежувањето е од особена важност за развој на Комората. /MИА

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

притисни ентер