Комедијата „Веселинови“ вечер на „Скопско лето“

Во рамки на 45-та јубилејна манифестација „Скопско лето“, вечер во Сули ан ќе биде изведена комедијата „Веселинови“ во продукција на Драмското студио „Бронзена наметка“ - Штип.

Во претствата играат Оле Поцкова во улогата на Весела и Игор Стојанов - Баркли во улогата на Веселко.

Како што информира Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, претставата е авторски проект на Трајче Кацаров.

- Весела и Веселко не се надвор од аглите и замките што ги поставува семејниот живот. Повеќе се противречни отколку категорични. Се плашат како деца и си играат како деца. Не ретко тонат во проблеми што извираат од плитките џепови, оддалеченоста од децата, од ноктите на државните грабливци. Плачливи се и тврдокорни. Напати се мили, напати се неподносливи. И во двата случаја се интересни, се вели во најавата за претставата.

Американец го посетил малиот остров, врз кој САД фрлиле 23 нуклеарни бомби (ВИДЕО)

Брачен пар кој се откажал од напорниот живот во Америка и се преселил на островот Утила, во близина на брегот на Хондурас, на почетокот на 2022 година,а сега организирале необично патување.

Тие го посетија коралниот остров Бикини, во централниот дел на Пацификот, кој има долга и несреќна историја. Оваа авантура ја планирале четири години, и решиле сѐ да документираат пред камера.

По Втората светска војна, САД беа вклучени во „атомска трка“ со Советскиот Сојуз. Тогашниот претседател Хари Труман побара од армијата и морнарицата да обезбедат локација за тестирање на нуклеарното оружје.

Така, меѓу другото, стигнале и до Бикини, дел од Маршалските Острови. Оваа област е далеку од редовен поморски и воздушен сообраќај, па е „идеален“ за операцијата „Крстопат“.

@vagabondartist #bikini #bikiniisland #war #test #science #stem #discovery #island #islandlife #bikiniatoll #evacuate #evacuation #history #historytok #truehistory #coconuts #birthdefects #radiation #beach #ocean #peace ♬ original sound - Traveling Artist Island Life

Програмата за тестирање била серија од 23 детонации на различни атомски оружја, помеѓу 1946 и 1958 година, на самиот остров, на море, во воздух и под вода.

Пред тоа, малиот број жители биле преместени на друга локација, пренесува LadBible.

Она што може да се најде на Бикини денес, снимено од корисникот на Tiktok @vagabondartist, се објекти изградени од американската влада, вклучително и станови за стручен персонал.

Американецот ни покажа различни простории, како кујна и спалните соби, кои некогаш ги користел стационираниот персонал. Тие и сега се целосно опремени.

„Кога дојде наредбата луѓето да се евакуираат, сè беше едноставно оставено“, вели авторот.

На островот има и огромно засолниште, кое го користеле научниците при тестирањето на 15 мегатонското термонуклеарно оружје „Castle Bravo“.

@vagabondartist #government #bikini #historytok #history #stem #science #research #abandoned #bikiniexpedition #story #storytime #longervideos ♬ original sound - Traveling Artist Island Life

УНЕСКО го прогласи малиот корален остров за светско наследство. Се смета дека радијацијата е доволно намалена за да може да се вклучи туризмот, но долгорочната контаминација го прави непожелен за трајно населување. Не се препорачува потрошувачка на локални растенија и животни.

Денес спорадично го посетуваат нуркачи, туристи и научници, а во него живее и мала група чувари, меѓу кои се и потомци на жителите на островот преселени во 1946 година.

Ефект на „топол фен“: Ноќеска во Франција се измерени неверојатни 26,9 степени

Невообичаено високи температури се забележани на крајот на ноември на југозападот на Франција, а ноќеска биле регистрирани дури 26,9 степени Целзиусови, јавија денеска француските медиуми.

„Ова се екстремно високи температури дури и за лето, а особено невообичаени бидејќи сме на крајот на ноември“, изјави метеорологот на националната служба Метео Франс, Матје Сорел, пренесе Гардијан.

Климатолозите ја опишаа оваа ноќна жештина како феномен, а Метео Франс не можеше да потврди дали тоа е највисоката температура досега забележана на крајот на ноември, бидејќи нивните часовни мерења се вршат од 1990 година, но Сорел додава дека, сепак, тоа е екстремно висока температура.

Многу топли ноќи на француската страна на Пиринеите се случуваат кога топол воздух од Северна Африка и Медитеранот се спушта по планините и уште повеќе се загрева под притисок, а овој природен феномен е познат како „Фен ефект“ и дополнително го зголемува влијанието на загадувањето од согорувањето на фосилните горива поради што планетата се загреа за 1,3 степени Целзиусови во однос на прединдустриската ера, наведува Гардијан.

„Можеме да видиме дека со климатските промени имаме многу повисоки температури од порано“, истакна Сорел.

Екстремно високи ноќни температури беа забележани и во Данска на крајот на ноември, но данскиот метеоролошки институт соопшти дека не се надминати рекорди во овој поглед.

Во стар светилник нашле порака од 1892 година- содржината ги шокирала (ВИДЕО)

Техничарите кои го обиколија светилникот Корсвол во јужна Шкотска за инспекција, беа запрепастени кога открија порака скриена во ѕидовите.

Светилникот висок девет метри бил изграден во 1817 година и веќе два века е витална точка за морнарите кои пловат по бурното Ирско Море. Имало чувар до 1994 година, кога беше целосно автоматизиран.

Порака во шише, скриена во шуплина, пронашол Рос Расел. Тој бил изненаден и возбуден, особено кога сфатил кој го напишал, пренесува Daily Mail.

Излегува дека писмото го оставила последната група техничари, кои работеле на светилникот и поставувале нов фенер и леќи! Напишано е со пенкало и мастило со детали за делата, како и имињата на експертите и чуварите во тоа време.

„Тоа е сензационално чувство. Да се ​​биде првиот човек што ја допрел пораката по 132 години. Ова се случува еднаш во животот“, рече Расел и додаде дека ќе биде вратен на ѕидот откако ќе завршат работите.

Во преживеаните документи е наведено дека во 1892 година група техничари пристигнала од Единбург за да инсталираат помодерен фенер и леќа Френел. Но, пред да се заврши работата, во ѕидот била оставена посебна порака:

„Станица Корсвол, 4 септември 1892 година. Во овој момент светилникот го чуваат Џон Вилсон и неговите двајца помошници Џон Б. Хендерсон и Џон Локхарт“, се вели во пораката.

Расел наведува дека не било лесно да се извади шишето од ѕидот, па затоа користел конец и рачка за метла. Потоа внимателно ја извадил хартијата и прочитал што пишува.

„Беше толку возбудливо, како да се запознавме со нашите колеги од минатото. Всушност беше како да бевме таму. Тие ја наменија пораката само за нас. Неверојатно“, заклучил тој.

притисни ентер