Колку си го скратувате животот секој пат кога ќе изедете плескавица или хотдог?

Од исхраната треба итно да ги исфрлите и газираните пијалаци и сендвичите.

Ако се спремате да јадете хот-дог додека гледате некој натпревар, размислете двапати, бидејќи е утврдено дека на овој начин си го скратувате животот, верувале или не, дури за 36 минути. Плескавиците и газираните сокови сосема очекувано се на листата на најштетни намирници.

Нутриционистот Луис Алберто Замора користел податоци од студија спроведена од еден универзитет во Мичиген и заклучоците од истражувањето се навистина интересни. Одамна е познато дека ултрапреработената храна е многу лоша за здравјето, но овој пат тоа е изразено со прецизна минутажа.

Во истражувањето учествувале 5.800 луѓе кај кои биле следени навиките во исхраната, како и количината на калории што ја консумирале. На крајот, научниците имале неколку лоши, но и неколку добри вести. Освен познатиот хот-дог, најголем штетен фактор имаат и сувомесните производи – тие одземаат 24 минути живот, сендвичите 13,6 минути, плескавиците 9 минути, газираните пијалоци 12 минути и сланината 6 минути.

Тоа можеби не звучи страшно, но ако, на пример, изедете хот-дог, плескавица и испиете газиран пијалок, ќе изгубите еден час од животот, а тоа секако не е малку.

Од друга страна, постојат намирници кои можат да ви го продолжат животот – одредени видови риби можат да ви „додадат“ 10 минути живот, овошјето „додава“ 10 минути, јаткастите плодови 24 минути, а путерот од кикирики дури 32 минути.

Утврдено е дека на секои 10 проценти од дневната количина на калории, кои ги добивате од овошјето и зеленчукот, а не од месото и месните производи, си го продолжувате животот за цели 48 минути.

Исто така, треба да се има предвид дека дури 75 проценти од храната што се продава, на пример, во Америка, е ултрапреработена и дека бројни студии откриле дека постои директна поврзаност на овој вид храна со над 30 различни видови здравствени проблеми - од неколку видови на канцер, до зголемен ризик од срцеви заболувања, пренесува Дејли меил.

Видео конференциска врска со македонските мировници, пакетчиња за децата на припадниците на АРМ

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално се одржаа предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата.. 

„Сакам да се врати тато дома“. Ова е најчестата желба што денеска ја посакаа дечињата, чии татковци се на мировни мисии во странски земји.

Тие за момент во касарната „Страшо Пинџур“ ги видоа своите татковци кои преку видео-врска се обратија до претседателката Силјановска Давкова и министерот за одбрана, Мисалјовски, посакувајќи весели празнични денови.

Најмладите пак пред камерата на Канал 5 ги кажаа и другите нивни желби за 2025 година.

На дечињата на мировниците им беа подарени новогодишни пакетчиња од претседателката Давкова и министерот Мисајловски. (атмосфера пакетчиња)

Претседателката Давкова која се обрати до мировниците, им посака професионално завршување на мисиите и здрави и живи да се вратат кај своите најблиски.

Децата покрај со претседателката и министерот, се дружеа и со Дедо Мраз и други херои од цртаните филмови.

Главниот настан, барем за децата, беше дочекот на Дедо Мраз, кој од хеликоптер им фрлаше бонбончиња, а потоа се спушти на земја.

Македонските мировници, во чија чест се одржаа денешните настани, извршуваат задачи во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, ЕУ операцијата во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, мисијата на ООН во Либан, УНИФИЛ и мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија.

Муртезани: Мора да го штитиме процесот од натамошна билатерализација

Мора да го штитиме процесот на пристапување кон ЕУ од натамошна билатеризација, бидејќи таа станува проблем и за самата Европска Унија, вели во интервју за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани..

Според него, нема никаква смисла ако овој процес се води врз основа на одредени историски случувања во 11, 12 или 13 век..

Втор протестен марш против аерозагадувањето во Скопје

Од смогот не се гледа иднината..

Екоактивистите и граѓаните повторно го кренаа гласот.. Протестен марш за чист воздух и попладнево се одржа во Скопје, поради како што соопштија организаторите, индиферентноста на надлежните институции кон барањата на граѓаните..

Протестот почна пред Министерството за животна средина, а овој пат, заврши пред Град Скопје..

Таму е Елизабета Дамјаноска Спасеновска која го следеше маршот.. Бети, кои се пораките од маршот?

притисни ентер