Колегата на Џулијана Мур раскажа зошто ја избркале среде снимање на филм номиниран за Оскар

Актерот Ричард Грант (61) на прес конференција во Лондон откри дека актерката Џулијана Мур (58) е избркана од снимањето на филмот ,,Можеш ли некогаш да ми простиш?”

Актерката сакала да носи протеза за дебелина и лажен нос , што не и седопаднало на режисерката Никол Холофценер и по расправијата , ја избркала од снимањето , па ангажирала нејзина замена.

Актерот пред уредниците на филмските списанија го раскажа овој инцидент, а претходни и самата Џулијана говореше за напуштањето на филмот. Прашана во телевизиско шоу за овој инцидент , како и за номинацијата за Оскар на Мелиса Мекарти , која дојде на местото на Му р, Џулијана одговори.

,,Не го напуштив тој филм , бев отпуштена. Никол ме отпушти. Мислам дека не и се допадна како ја интерпретирав улогата. “ , вели Мур и додава дека инцидентот не се случил среде снимањето , како што било објавено , туку за време на пробите.

Конечно , ниту Никол Холофценер не го режирала филмот , туку Мариела Хелер , која главната улога и ја дала на Мелиса Мекарти.

Грант откри и дека во филмот ,,Можеш ли некогаш да ми простиш” требало да играат и американскиот актер Сем Роквел и британската актерка Хелен Бонам Картер, но се предомислиле.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер