Кој, кога и кому може да му се издаде пасаван?

Дали Унгарија смеела да му издаде „пасаван“ на Груевски?

Привремен патен лист по број 100.501 добил експремиерот Груевски во унгарската амбасада во Тирана, за да може да биде трансфериран до Будимпешта.

Ова практично објаснува и зошто Груевски со унгарски дипломатски возила бил пренесуван низа Албанија, Црна Гора и Србија.

Овој привремен патен документ уште наречен „пасаван“, е познат во конзуларната практика, но најчесто се издава на државјани во случај пасошот да им истекол или бил загубен завреме на престој во странство.. Со оглед дека бара азил, јасно е дека Груевски не е унгарски државјанин, па се поставува прашањето врз основа нба што тој добил ваков документ?

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, вели дека од познатите информации е очигледно дека екс-премиерот уште кога стапнал на амбасадата во Тирана, побарал азил, а врз основа на тоа добил заштита од Унгарија.

По информациите за вмешаноста на Унгарија во бегството на Груевски, вчера македонското МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор во земјава Ласло Дукс. Одговор на неа засега од Будимпешта нема, но шефот на дипломатијата Сијарто повтори дека Унгарија немала никаква улога во бегството на поранешниот премиер, а откако тој се пријавил во нивна амбасада и побарал азил, Унгарија ги почитувала сите меѓународни правила при трансферот до Будимпешта.

Никовски вели дека е вообичаена пракса да се врачи протестна нота во вакви случаи, но според него, се ќе остане на тоа, а односите на двете земји нема трајно да бидат нарушени.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер