Кои се најпродаваните автомобили во Европа за 2018?

Според податоците на специјализираната агенција Car Comparisons & Automotive Market Research - JATO за продажбата на автомобили во првата половина на годинава , се задржани ланските трендови.

Според JATO, сепак има изненадувања во одделни сегменти. Малиот градски автомобил FIAT 500 е најпродаван во неговата категорија. На купувачите низ Европа и биле испорачани 90 809 од овие возила со ретро изглед .На второ место е уште еден FIAT и тоа моделот Panda, додека на трето место е VW Up!.

Во категоријата поткомпактни автомобили најпродаван е Renault Clio со 145 963 возила , а зад себе ги остави Ford Fiestа и VW Polo.

Во категоријата автомобили од повисока класа очекувано прво место зазема Golf со продадени 213 610 возила за првирте шест месеци од годинава Следат Ford Focus i Škoda Octavia.

Меѓу автомобилите од средната класа најпродаван е уште еден модел на Volkswagen , и тоа Passat , кој за половина година дошол до адресите на 74.791 купувачи низ Европа. Втор е Mercedes C класа , a трет Audi A4.

Меѓу автомобилите на повисоката категорија најпродаван автомобил е Mercedes E класа. Тој е продаден во 54 897 примероци , а зад него се BMW 5 и Audi A6.

Во категоријата луксузни лимузини , најопродаван е уште еден Mercedes и тоа од класата S . Од него се продадени 6731 автомобили . Втор е Porsche Panamera, а трет BMW 7.

Во категоријата мал СУВ најмногу се продавал Renault Captur. Тој доминира во таканаречениот кросовер Б сегмент. за првите шест месеци биле продадени 94 598 возила од овој модел . На второ и трето место се Dacia Duster и Peugeot 2008.

Во категоријата компактни СУВ најпродаван модел во Европа е јапонскиот Nissan Qashqai. Овој модел со години има примат во Евртопа во својата категорија , така што не е изненадување . Во рпвата половина на годинава се продадени 112 443 примероци , а веднаш зад него се VW Tiguan и Peugeot 3008.

Во категоријата голем СУВ најпродаван е францускиот Peugeot 5008. Тоа претставува изненадување за експертите од ЈАТО. Но , ова возило е продадено во 35 998 примероци , со што ги помина Škodа Kodiaq и Nissan X-Trail..

Германскиот BMW X1 е најпродаван во категоријата мал премиум СУВ . Од почетокот на годинава се продадени 49 994 примероци , а на второ и трето место се Mercedes GLA и Audi Q3.

Во категоријата среден премиум СУВ , најпродаван е Mercedes GLC со 53 840 продадени возила , со што го надмина Volvo XC60 , кој претходните години го држеше приматот во оваа категорија . на трето место е Audija Q5.

BMW X5 е најпродаван во категоријата голем премиум СУВ . Од ова возило за првите шест месеци од годинава се продадени 14 235 примероци . Второто и третото место според продажбата им припадна на Volvo XC90 и на Range Rover Sport.

Во категоријата мали спортски автомобили најпродавано возило е Mazda MX-5. Од овој модел се продадени 6 914 возила. По негоп следуваат FIAT 124 Spider и Lotus Elise.

Audi TT не е изненадување во категоријата средни спортски автомобили со продадени 6 745 возила . Второ и трето место ги заземаат Porsche 718 Cayman/Boxster и Ford Mustang.

Porsche 911 е најпродаваното возило во категоријата големио спортски автомобили со продадени 10 233 примероци. Зад него се Mercedes AMG GT и Ferrari 488.

Милијардерот Мурдок (92) ќе се жени со поранешната тешта на олигархот Роман Абрамович

Милијардерот Руперт Мардок е фотографиран со неговата свршеница, 25 години помладата Русинка Елена Жукова.

Парот е фотографиран како го шета своето куче, а окото го привлече огромниот веренички прстен на Елена.

Венчавката ќе се одржи во Калифорнија, во Murdoch's Vineyard and Moraga Estate, а на Руперт ова му е шеста свршувачка. Американскиот милијардер и медиумски магнат минатата година се вери со Ен Лесли Смит, но свршувачката траеше само две недели.

Мардок и Жукова беа сликани заедно во август минатата година, откако раскина со поранешната свршеница. Жукова, по професија молекуларен биолог, е мајка на Даша Жукова, поранешната сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович.

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев - одбележана 121 годишнина

Владина делегација ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, на политичките партии како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев.

Денес се сеќаваме на големото дело на Гоце Делчев како срцевина на македонската револуционерна и интелектуална борба за македонска држава која е еднаква за сите. Тој се бореше и го положи својот живот за слободна и независна Македонија, неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска да продолжиме да градиме демократска и економски напредна земја. Вечен останува споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, соопштуваат од Владата.

Лукаревска: Почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев.

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации.

„Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер