Кои се најплатените славни личности во светот

Познатото списание „Форбс“, според својата долгогодишна традиција, ја објави листата на најплатените личности од јавниот живот.

На чело на годинашната листа е боксерот Флојд Мејведр со заработка од неверојатни 285 милиони долари, а на второто место е актерот и филантроп Џорџ Клуни, кој заработи 239 милиони долари.

Третото место ѝ припадна на ѕвездата Кајли Џенер, која заработи 166 милиони долари во изминатата година.

Меѓу првите пет се најде и Двејн Џонсон, поранешен професионален борач, а сега познат актер и продуцент, со заработка од 124 милиони долари.

Овие имиња ги следат бендовите „У2“ и „Колдплеј“, како и Кристијано Роналдо и Лионел Меси. /МИА

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес.

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение - Велигден, на сите верници.

Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна.

Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет.

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација.

Христос Воскресе! За многу години Велигден!

Со почит,

Христијан Мицкоски

претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа распиша потерница за командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук.

Министерството вчера распиша потерница и по претседателот на Украина, Володимир Зеленски и поранешниот претседател, Петро Порошенко.

По Пављук е распишана потерница поради „кривично дело“, но не е прецизирано за кое кривично дело, јавија руските медиуми.

На 11 февруари, Пављук беше назначен за командант на копнената армија, а пред тоа беше прв заменик - министер за одбрана на Украина.

Претежно сончево и потопло

 Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.

Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.

притисни ентер