Кочева: Јазикот во Македонија е регионална форма на бугарскиот јазик

Нова провокација од Бугарија, овој пат од највисоката научна институција - Бугарската академија на науките, која излезе со тврдење дека македонскиот јазик не постои и станува за бугарски дијалект.

Неколку месечните превирања на релација Скопје-Софија, од политичко се преселија и на научно ниво. Македонскиот јазик не постои, зашто е писмено-регионален стандард на бугарскиот, се вели во реакцијата на Бугарската академија на науките. Контроверзниот став е своевиден одговор на Повелбата на македонските колеги, усвоена пред 10 дена од МАНУ, во која се изнесени научно признаени факти за македонскиот јазик, а во насока на зацврстување на потребата за научно истражување на македонскиот јазик и дијалекти. Ваквиот ригиден став дел од претставниците на научната мисла во Бугарија го изложија и на гостувањето на Бугарската национална телевизија.

- Јазикот во С.Македонија, т.н македонски јазик, кој ние го сметаме и кој е писмено-регионална форма на бугарскиот јазик, всушност е политички производ. Од стенограмите утврдивме дека бугарскиот книжевен јазик е подложен на прекодификација во Македонија од трите јазични комисии од 1944-та година. Еден од учесниците, Георѓи Киселинчев, вели немаме време да чекаме да стане јазик, Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик во БАН

- Државата си има право на јазик, тоа никој не го спори, но не може да се смета онака како што е во документот од трети декември, каде што всушност дека јазикот е самостоен, како да паднал од небо, Васил Николов, заменик-претседател на БАН.

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, вели дека е запознат со бугарските забелешки и оти тие ќе бидат разгледани од македонските лингвисти, по што ќе се изгради и став.

- Тој документ излезе таков каков што излезе, но јас имам и други информации дека не сите академици на БАН го поддржале тоа. Тука има инволвирање на државната бугарска политика во овие работи, што не е во ред. Нема да ги расипеме односите со БАН, вели Таки Фити, претседател на МАНУ

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер