Коалиција „Храбро“: Нема да поддршиме уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Дел од вон-парламенатрните политички партии ги здружија силите во пресрет на изборите. ГРОМ, Интегра и ПЦЕР денеска и официјално потпишаа договор за коалициска соработка под слоганот – „Храбро за Македонија“. 

Порачаа дека усогласени влегуваат во заедничка и одлучна борба против, според нив, предавничките политики на двете најголеми партии кои го довеле во сериозно прашање македонскиот идентитет, едните да ја зачуваат, а другите да ја добијат власта... Да за Европа, но не погазени, туку со достоинствени, порача лидерот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски

-Како на овие што се внатре, така и на овие кои што постојано вршат притисок од надвор, пред се на политиката која што е спремна се да предаде само да остане на власт, но и на политиката која што е спремна исто така да предаде но тоа да биде после изборите и ако може да биде со одложено дејство. Оваа коалиција се формира јасно да каже дека ниту притисоци, ниту уцени, ниту уставни промени ќе подржиме, ниту пред, ниту по избори, остануваме цврсто за расчистување на оние проблеми кои ни се наметнуваат вештачки од страна на нашите партнери.- Стевчо Јакимовски – Претседател на Гром

Граѓаните ќе добиваат трета опција која ќе им политики за подобар живот наспроти сиромаштијата, вели првиот човек на Интегра - Љупчо Ристовски... Столбовите покрај за идентитетските прашања им се базираат на воспоставување квалитетна економска политика, како и реформи во здравството, образованието и јавната администрација кои се во незавидна состојба, велат коалициските партнери...

-Имаме големи амбиции, имаме моќни стратегии и политики и ќе имаме иновативни, многумина ќе ги изненадиме мерки и инструменти на политиките и очекуваме народот да не препознае, да ни ја даде довербата да подржи вакво коалициско форматирање во новиот трет пат и да го подржи и едноставно да го прекинеме тој тренд на македонското во овие 32 години.- Љупчо Ристовски – Претседател на Интегра

- Дискриминација, невработеност, непочитување, сиромаштија голема, не водат грижа за никого, социјална заштита, ќе имаат граѓаните што да видат во програмата и да одберат што е најдобро за сите граѓани во македонија и за ромската заедница.- Самка Ибраимовски претседател на ПЦЕР

Коалицијата ги претстави и носителите на листите во шестте изборни единици.. Во „кецот“ ќе биде Д-р Добрила Андоновска која доаѓа од ГРОМ. Двојката ќе ја предводи Љупчо Ристовски, а тројката неговиот сопартиец во Јордан Николов. Во четвртата изборна единица листата ќе ја предводи Ружица Николова, во петката ќе биде лидерот на ПЦЕР – Ибраимоски и во шестката ќе биде Зоран Софрески. Лидерот на ГРОМ пак Јакимовски е претседателски кандидат.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер