Ко-основачот на OpenAI, Сем Алтман, се префрли во Мајкрософт

Сем Алтман, ко-основач и до неодамна главен извршен директор на стартапот OpenAI, ќе работи за Мајкрософт, беше објавено денеска, три дена откако суперѕвездата од Силиконската долина беше сменет од функцијата извршен директор.

Сем Алтман и Грег Брокман, ко-основачи на OpenAI, „ќе им се придружат на колегите во Мајкрософт и ќе водат нов истражувачки тим за вештачка интелигенција“, напиша сопственикот на американскиот технолошки гигант Сатја Надела на платформата X (поранешен Твитер).

OpenAI е старт-ап кој го разви ChatGPT, алатка за вештачка интелигенција (AI).

„Мисијата продолжува“, одговори Сем Алтман (38) на социјалната мрежа Х.

Мајкрософт инвестираше милијарди долари во OpenAI и ја инкорпорираше технологијата во сопствените производи, како што е пребарувачот Бинг.

Одборот на директори на OpenAI ги изненади сите во петокот кога го објави отпуштањето на суперѕвездата од Силиконската долина, наведувајќи дека Алтман не бил „постојано искрен во своите комуникации“ и ја изгубил довербата во неговата способност да управува со компанијата.

По разрешувањето на Алтман, неколку луѓе на водечки позиции во OpenAI најавија заминување, меѓу кои и Грег Брокман.

Првата верзија на ChatGPT беше лансирана на 30 ноември 2022 година, започнувајќи ја трката во вештачката интелигенција.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер