Книга за Гане Тодоровски од Ивана Велиновска Боцеска

 Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Тематски доминанти во поезијата на Гане Тодоровски“ од Ивана Велиновска Боцеска.

Со ова најново издание посветено на големиот македонски поет и научник, издавачот ја одбележува 95-годишнината од раѓањето на авторот што остави длабоки траги во целокупната македонска литература и култура.

Како што информираат од „Матица Македонска“ во поговорот кон книгата проф. д-р Кристина Николовска констатира дека во годината кога чествуваме 95 години од раѓањето на великанот на нашата поезија, наука и култура, еден од столбовите на современата македонска книжевност, авторката ни презентира прекрасно издание за тематските доминанти во поезијата на Гане Тодоровски.

Додава дека поттиканата од научниот интерес, Велиновска Боцеска, открива нови сознанија на книжевната наука, теорија на литературата и научно-книжевна македонистика како ново можно читање на тематската есенција на овој раскошен поет.

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

притисни ентер