Класичен јапонски „Но“ театар во Скопје

По повод 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Јапонија и Македонија, Амбасадата на Јапонија во соработка со Театар Комедија ја претставува првата изведба на класичен јапонски „Но“ театар во Скопје, на 27 септември во 20:00 часот.


„Но“ е театарска уметничка форма која датира од 14-от век. Претставува комбинација на драма, музика и танц, а се пренесувала низ генерациите до денешен ден во речиси неизменета форма. Во 2001 година „Но“ театарот е прогласен за „Ремек-дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото“ од страна на УНЕСКО.

Кјутаро Хашиока како претставник на деветтата генерација актери на „Но“, од семејството Хашиока, ќе даде преглед на оваа јапонска театарска форма со изведби на сцени од славните „Но“ дела „Хагоромо“ и „Такасаго“.


Кјутаро Хашиока е роден во 1958 година, како најстар син на Кјума Хашиока, член од осмата генерација на семејството Хашиока, чиишто вештини се официјално признаени како Значајно нематеријално културно наследство. Кјутаро Хашиока прв пат дебитира на сцената на тригодишна возраст. Откако ја изведува главната улога во Кикуџидо (Детето на хризантемата) на осумгодишна возраст низ седум европски земји, тој продолжува да изведува Но театар во 30 градови, во десет земји и брилира во сложени дела како што се Саги (Чапјата) или Доџоџи (Храмот Доџоџи). По учеството на јавен настап, по повод посетата на Н.Е. Императорот на Јапонија, на Бразил во 1997 година, по налог на Министерството за надворешни работи на Јапонија и Јапонска Фондација, во 1998 година пролетта, тој предводи група изведувачи со цел да ја претстават уметноста на Но во пет градови низ Бразил. Во мај 2004 година на покана од Сукмјунг женскиот универзитет во Сеул, Република Кореја, тој настапува со Но претставата Такасаго. Ова е прва изведба на Такасаго во Сеул во периодот по Втората светска војна, односно прв пат по 65 години. Во јуни 2006 година, тој е дел од првата Но изведба во Нов Зеланд, во градовите: Велингтон, Оукланд и Палерстон Норт, а во 2013 година настапува и во Виена. Сите изведби се дочекани со големи јавни признанија.
Додека е заштитник на традиционалното Но, тој исто така активно ги поддржува и новите продукции на Но, учествувајќи во разни сценски активности со други изведувачки жанрови. Тој активно го промовира Но театарот и по училиштата, на сите нивоа. Во периодот од 2009 до 2010 година, Хашиока е член и на Експерименталниот одбор за напредок во образованието при префектурата Чиба.

ВОВЕД ВО ЈАПОНСКИОТ „НО“ ТЕАТАР
ОД КЈУТАРО ХАШИОКА IX
27 септември 2014, 20:00
Театар Комедија, Бул. Климент Охридски бб, Скопје
Слободен влез

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер