КК Работнички бара процедурата да продолжи според упатствата од арбитражната комисија

Повеќекратниот кошаркарски шампион на Македонија Работнички, по одлуката на Арбитражната комисија на Македонската кошаркарска федерација за укинување на одлуката на Комесарот за натпревари Бобан Јосифовски со која клубот требаше да се пресели во Третата лига, денеска се огласи со соопштение во кое бара да се почитуваат упатствата на Арбитражната комисија во понатамошната постапка.

- Арбитражната комисија ја укина одлуката на комесарот и со тоа го стави Работнички во иста позиција каква што беше по натпреварот со МЗТ Скопје, а пред донесувањето на одлуката за исклучување од Прва лига. Комесарот не би требало да се занимава со толкување на правната проблематика, ниту, пак, со прес-конференции за дефокусирање од проблемот, туку со исполнувања на барањата кои арбитражната комисија ги постави, а со цел да се согледа целокупната вистина за овој случај. Работнички се жалеше и докажа дека има низа пропусти и од страна на судиите и делегатот, како и од комесарот во делот на примената на членовите по кои е казнет, а воедно во изјавите кои ги дадоа играчите и капитенот децидно се вели дека од нив не било побарано од ниедно службено лице, ниту од првиот судија, ниту од делегатот, да се вратат од соблекувалната и да го доиграат натпреварот, се вели во соопштението.

Бараме, се нагласува, процедурата да продолжи понатаму како што е предвидено со упатствата од арбитражната комисија, а согласно правилниците на МКФ.

- Му благодариме на комесарот за изречените убави зборови околу важноста на Работнички за македонската кошарка, но во овој момент неговиот предлог за поведување на вонинституционална постапка сметаме дека е спротивен на легалната процедура. Во моментов Работнички ќе ја бара правдата кај сите институции кои се надлежни за решавање на овој спор, почитувајќи ги насоките на арбитражната комисија, се додава во соопштението на клубот од „Градски парк“.

Уште еднаш, се потенцира, нагласуваме дека КК Работнички сака своите победи да ги остварува само на терен, а не на зелена маса, и дека никогаш нема да дозволиме некој да си поигрува со реномето и величината на нашиот клуб.

За денеска со почеток во 15 часот е закажана седница на Здружението на прволигашите на која според дневиот ред единствено ќе треба да се расправа за прекинатиот натпревар меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер