Ќучук: Западниот Балкан е единствениот друг приоритет на ЕУ покрај коронавирусот

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент (ЕП) во разговор за МИА од Брисел истакна дека освен за кризата со коронавирусот, Европската Унија се мобилизира само за интеграцијата на западниот Балкан.

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент со огромно мнозинство ги поддржа препораките содржани во извештајот посветен на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој требаше да се одржи во мај во Загреб, но најверојатно ќе биде одложен за јуни во форма на видеоконференција, изјави Ќучук, кој е известувач во сенка за овој извештај, покрај главниот известувач, Тонино Пицула.

– Ние во Европскиот Парламент работиме само на темите поврзани со коронавирусот, до сега единственото нешто надвор од коронавирусот за што сме гласеле се препораките за Западниот Балкан, ништо друго не сме изгласале во последниот месец, вели известувачот за Македонија во ЕП и нагласува дека важен сигнал за регионот е и неговото вклучување во Фондот за солидарност на ЕУ, фонд кој е инаку исклучиво достапен за полноправните членки на Унијата.

Препораките изгласани вчера на комисиско ниво треба да бидат усвоени и на пленарна седница, но за сега таа не е закажана. Ќучук меѓутоа не се сомнева дека и на пленарна резолуцијата тие ќе наидат на широка поддршка, со оглед на тоа дека во Комисијата за надворешни работи се изгласани со само седум гласа „против" и 58 „за".

Оваа резолуција, упатена до високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, до Европската Комисија и до Европскиот Совет, бара, меѓу другото, да се одржи реформскиот притисок врз земјите кандидатки како и интегративниот процес од страна на земјите членки на ЕУ. Слободата на медиумите, борбата против корупцијата, владеењето на правото и, генерално, демократизацијата на општествата, остануваат клучните барања на Европскиот Парламент.

Европратениците бараат и вклучување на земјите кандидатки во големиот проект на Европската комисија – Конференцијата за иднината на Европа.

Извештајот изгласан вчера потсетува дека преговорите со Македонија и Албанија треба да започнат што поскоро, откако во март лидерите на ЕУ дадоа зелено светло за нивно отворање.

Ќучук е уверен дека без здравствена криза што ја погоди Европа, првата Меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Македонија ќе можеше да се одржи во јуни.

Меѓувладината конференција формално го означува отворањето на преговарачките поглавја.

Сега, вели тој, оптимистично сценарио е Конференцијата да се одржи по летните одмори, со оглед на тоа дека за сега нема никакви најави за состаноци со физичко присуство на ЕУ агендата.

Сепак, нагласува тој, информациите кои пристигнуваат до европратениците е дека Европската комисија веќе работи на преговарачката рамка. Преговарачката рамка е темелот врз кој се водат преговорите помеѓу двете страни.

– Основните теми се секогаш неколку: демократизацијата, човековите права, Македонија направи не малку, се разбира остануваат работи, но се случија нешта без никој тоа официјално да го бара од Македонија, еве законот за јавно обвинителство, нешто што го бараше Холандија, но не беше запишано. Економските прашања, дигиталната трансформација, тоа се важни теми што ќе бидат дел од тој процес, вели Ќучук за МИА.

Известувачот повикува сите политички сили – власт и опозиција – и граѓанскиот сектор активно да се мобилизираат во подготвувањето на македонската страна на преговорите, бидејќи станува збор за долгорочен процес кој треба час поскоро да се подготви.

Ќучук како известувач работи и на редовната резолуција на Европскиот парламент за Македонија, но поради кризата со коронавирусот во овој момент нема прецизна временска рамка за нејзино објавување./МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер