Ќе се уредува нова плажа на Дојранското Езеро во Сретеново

 Во пресрет на летната туристичка сезона која на Дојранското Езеро најголем интензитет достигнува кон крајот на јули и почетокот на август, ќе се уредува нова плажа на езерското крајбрежје во Сретеново, Стар Дојран.

Од Општина Дојран потврдија дека плажата ќе биде долга 200 метри и ќе биде посипана со слој автохтон песок од 30 сантиметри. Покрај ова, плажата ќе добие заштита од потпорен ѕид од армиран бетон со дебелина од 30 сантиметри.

По изградбата, плажата во Сретеново ќе биде целосно партерно и хортикултурно уредена за да ги пречека туристите.

Слична плажа минатата година беше изградена во близина на границата со Грција, во атарот на селото Николич. Моментно долж Дојранското крајбрежје до граничниот премин Дојран, во употреба, заедно со приватните, има десеттина плажи уредени за потребите на гостите кои од година во година доаѓаат во се поголем број.

Ковачевски ги одби условите на Димитриевски, Мицкоски негира „кокетирање“ со структури на СДСМ

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски доби експресни одговори од лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на поставените услови за евентуална постизборна коалиција.

На синоќешниот митинг во Кисела Вода на СДСМ, Ковачевски рече дека немало да тргува со иднината на државата, а упати и низа критики за неговиот поранешен сопартиец.. Според него, СДСМ е единствената партија наследник на НОБ и АСНОМ, а граѓаните и гласачите на партијата веќе ја препознале, како што рече, измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

-За разлика од субјектите како „ЗНАМ“ кои се човек-партија, СДСМ се државничка партија со длабоки и силни корени. СДСМ не прифаќа условувања и со никого не прави политички дилови. Раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници и на НОБ и на АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов.

Но, една работа ќе им порачам, на крајот на денот предавникот не го сакаат дома, меѓутоа уште помалку го сакаат надвор од дома. - Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

Димитриевски од првомајскиот пикник на ЗНАМ од Пелинце му возврати на Ковачевски дека навредите уште еднаш ја покажале ароганцијата на партискиот врв на СДСМ.

Во изјавата за медиумите Димитриевски не одговори на повикот од Мицкоски, кој од митингот во Струмица демантираше дека имале соработка со Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оттаму уште еднаш побара од првиот човек на ЗНАМ да се изјасни дали ќе ја поддржи Силјановска или Пендаровски во вториот круг од изборите..

-Наместо да работат за интересот на народот и на Македонија, и да измислуваат триста глупости и изговори, зошто сме контактирале со овој зошто сме контактирале со оној.. Еве да му одговорам на оној претседателски кандидат, којшто постави прашање кукавички денеска дека ВМРО-ДПМНЕ кокетирало де со овој-де со оној. Ниту со Ковачевски, ниту со Венко Филипче, ниту со Зоран Заев, ние комуницираме и сме во коалиција со народот на Македонија. Ајде кажи сега кого ќе поддржиш? - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Во пакетот услови, покрај оставки од раковдството и повлекување од пратеничките листи на носителите и коносителите, Димитриевски од СДСМ побара и гаранција дека нема да продолжат соработка со ДУИ.. За ова, како и за темата уставни измени – рече дека се согласува со ВМРО-ДПМНЕ.

Се распалија скарите, излетничките места полни со граѓани

И покрај непредвидливото време, дел од граѓаните и останаа верни на традицијата и ги исполнија излетничките места.

Велат пикникот годинава е вистински луксуз, водени од максимата - секој според џебот.

Ана Торевска Мицевски е на Матка.

Се распалија ли скарите?

КСС не излезе на протест – одржаа првомајска академија

Наместо протест, првомајска академија. 

Единаесет грански синдикати во КСС одлучија да не се приклучат на првомајскиот марш организиран од ССМ, бидејќи сметаат дека нема легитимна полиитчка влада пред која би протестирале и би ги упатиле своите работнички барања... Наместо тоа, организираа свечена академија на која се разгледуваа економските програми на дел од политичките партии.

-Ние нема пред кого да протестираме. Имаме техничка Влада. Ќе имаме нова Влада во текот на следниот месец. Бараме, од сите што претендираат да бидат носители на таа Влада, да дојдат и да ги презентираат нивните програми пред нас. Мислам дека ако во иднина имаме коректни односи помеѓу двете синдикални организации, да, за некое вистинско право, можеме да изеземе и да си ги бараме своите права. - Благоја Ралповски – претседател на КСС

На првомајската академија на КСС, присутни беа дел од опозициските партии и техничкиот минситер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Тој порача дека во земјава има доби закони за работни односи, но истите мора да почнат да се почитуваат.

-Имаме добри закони и закони кои треба да се применуваат, но остануваат отворени прашањата дали истите се применуваат. Денеска имаме закон за здравје и закон за безбедност при работа, кои пет години се во фиоките и не се презентирани јавно достапни до секој еден чинител во општеството за секој еден да даде свој импакт по однос на истите да бидат квалитетни и функционални за сите работници во Македонија.- Ѓоко Велковски – технички министер за труд и социјална политика

Инаку, на денешниот првомајси протест на ССМ, покрај СОНК, не присуствуваа ниту од Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија, Синдикат за транспорт и врски, Синдикатот на станбено – деловни, комунални и водостопански организации и неколку други.

притисни ентер