Ќе се решат ли конечно проблемите на околу 400 лекари специјализанти?

Решение на проблемите на преку 400 лекари специјализанти или празни предизборни ветувања?

По краткиот протест пред Министерството за здравство на кој специјализантите побараа повисоки плати, регулирање на работниот статус и враќање на бесплатното здравствено осигурување, тие беа повикани на средба со претставници од Министерството. Таму им било ветено дека овие барања ќе бидат исполнети што поскоро,а она за вработување на неопределено време веднаш по изборите.

- Ни беше ветено дека Министеството ќе прати информација до Влада и до ФЗОМ, да постапуваат согласно донесените одлуки веќе од наредниот месец да биде корегирана платата на приватните специјализанти, односно да биде на ниво на општ доктор. Добивме ветување дека здравственото осигурување веднаш ќе биде воспоставено и ќе се прати информација до јавно здравствените установи. Беше дадено ветување дека масовни конкурси ќе бидат отворени во јавно здравствените домови по завршетокот на изборниот циклус.- Д-р Александра Георгиева – претседател на здружението на лекари специјализанти

Младите лекари велат дека трошоците за специјализација на Медицинскиот факултет се движат од 12 до 14 илјади евра, додека моменталната плата изнесува 26.000 денари. Според нив, спорно е и тоа што токму тие како медицински лица немаат бесплатно здравствено осигурување, кое без образложение им било укинато пред повеќе од 1 година.

- Кога говориме за моменталната плата од 26.000 на еден приватен специјализант, ако бидеме објективни и ја одземеме платата која што месечно се плаќа кон деканатот на Медицински факултет тоа значи дека на тој специјализант му преостануваат окол 12.000 денари за може да фунционира и да преживее.

На средбата, д-р. Георгиева посочува дека биле информирани за одлука на Владата од 2018 година потпишана од тогашниот Министер и Премиер, според која платата на приватните специјализанти треба да е во висина на општ лекар, односно во моментов околу 44.000 илјади денари. Фактот што досега оваа одлука не била применувата лекарите ја оценија како немање на политичка воља.

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите.

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите.

Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна група за истрага на раководството на администрацијата, која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што резултираше со застој и повеќе од 100 приведени.

Полицијата привела околу 100 луѓе денеска наутро во обид да го расчистат пропалестинскиот протестен камп на Нортистерн Универзитетот во Бостон поради антисемитски навреди, соопштија од НВУ.

Акцијата беше преземена откако демонстрантите кои прибегнаа кон „вирулентни антисемитски навреди, вклучително и „Убиј ги Евреите“, ја преминаа границата“, се вели во соопштението на универзитетот на Х.

Иако универзитетот постојано поставуваше, а потоа ги одложуваше роковите за отстранување на кампот поставен од демонстрантите, универзитетот испрати е-пошта до студентите во петокот вечерта во која се вели дека враќањето на полицијата во кампусот во овој момент би било контрапродуктивно, јавија американсккте медиуми.

Пахор подготвува предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да го координира со високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност. Политика, Жосеп Борел.

„Поранешниот претседател Пахор подготвува нацрт и рамка за продолжување на дијалогот, но тој сака прво да го усогласи со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и земјите-членки на ЕУ, особено со земјите од Квинта“, објави на профилот на X.

Пахор нема да одговара на новинарски прашања и барања за интервјуа што ги добива во пресрет на улогата на кандидат за специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања.

притисни ентер