Ќе ја зголеми ли КОВИД цената на храната, ќе јадеме ли поскап леб?

Кризата предизвиканата од КОВИД-19 ја зголеми цената на пченицата која претходно се движеше од 11 до 13 денари за килограм, а сега е меѓу 14 и 15 денари со тенденција и натаму да бележи раст. 

Но, ова не се случува само кај нас, туку е тренд секаде во светот.

Ќе јадеме ли поскап леб? Ќе купуваме ли поскапа храна? Овие прашање се наметнуваат зашто и по 10 изминати месеци ништо не е извесно – до кога ќе трае околу пандемијата и колку „разорно" ќе влијае врз стопанството.

Малничарите велат дека досега поскапувања на лебот и пецивата немаше, но како ќе биде понатаму, дали ќе има евентуално некакви промени, не може да се каже со сигурост.

-Со оглед дека генерално целата ситуација со КОВИД-от е неизвесна, не се исклучува ништо, се е можно, па и промена на цените. Многу ќе зависи какви ќе бидат увозните цени, понудите, вели за МИА претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.

Според него, поскапувањето на пченицата трае во континуитет веќе неколку месеци зашто побарувачката поради корона кризата е зголемена.

-Земјите во светот почнаа да си ги зголемуваат залихите на пченица, а Русија стави и данок на извоз на пченицата. Сите стравуваат дали ќе имаат доволно храна. Цената засега е стабилна. Ако сега увезуваме од Србија, пченицата чини околу 13,5 денари за килограм, со вкупни трошоци. Пред два месеца беше 12 денари, потоа се зголеми на 14,5 денари кога всушност беше и пикот, а сега е повторно намалена за денар, вели Малишиќ.

На пазарот, додава, нема зголемување зашто Србите имаат вишок производство поради што ја држат непроменета цената на брашното како во времето на жетвата. Домашното жито, пак, кое во жетвата беше меѓу 10,5 – 11 денари, достигна максимум 12,5 денари. Тогаш од Србија се увезуваше за најмногу 12 денари, а цената на брашното (обичното, тип 500), беше 15,5 – 16 денари

-Цело време додека се качува цената на пченицата во светот и во Србија, Србите брашното ни го продаваат за 14 денари колку што чинеше пченицата кај нас, нормално со несоодветно деклариран квалитет. Тие практично, ја држат цената долу и затоа нашите мелници работат со само 20 отсто или ни толку, објаснува Малишиќ.

Според претседателот на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК), Огнен Оровчанец, на светските брзи цената на тон пченица бележи зголемување и се движи меѓу 190 до 210 евра. Раст бележи и цената на добиточното брашно.

Оровчанец смета дека растот на цената на основните земјоделски производи, секако ќе предизвика раст на цените на преработките.

-Вообичаено, цената на пченицата во овој период од годината изнесуваше околу 140 евра за тон. На светските брзи цената на тон пченица во овој период од годината вообичаено се движеше околу 140 евра за еден тон, а сега се движи меѓу 190 и 210 евра за тон. Раст бележи и цената на добиточното брашно. Растот на цената на основните земјоделски производи, односно на примарното производство секако ќе предизвика раст на цените на преработките. Парадокс е што цената на суровината расте во услови на намалена потрошувачка. Намалувањето на платите и отпуштањето од работа ја намалува куповната моќ на граѓаните. Потрошувачката е намалена и поради тоа што угостителскиот сектор работи редуцирано. За да се подобрат состојбите треба да се преземат мерки за поттикнување на јавната потрошувачка. Агро-бизнис комората исто така апелира поскоро да се исплатат субвенциите за земјоделството, наведува Оровчанец.

Советникот за земјоделство во Стопанската комора, Васко Ристовски за МИА вели дека промени на цените кај прехранбените продукти како резултат на КОВИД-19 не се очекуваат. Промени се можни само како резултат на пазарните движења, пред се во земјите на ЦЕФТА и ЕУ.

-Цените во изминатиот период беа релативно стабилни, а тоа се должеше на редовното снабдување со суровина која и на европскиот пазар не претрпи ценовни измени, дури кај одредени производи цените беа намалени. Најкритичен сектор и натаму останува мелничко-пекарската индустрија. Во моментов се изедначени цените на пазарот на домашната пченица и увезеното српско брашно, со што се доведува во прашање ликвидноста на домашните мелници, истакнува Ристовски.

Во текот на здравствено-економската криза работата на земјоделско-прехранбениот сектор генерално, беше забавена поради новите правила за ограничување на движење како одговор на пандемијата. Најголемите предизвици со кои секторот се соочуваше, се однесуваа на организација и логистика на увозот и извозот на своите производи, како и на организација на тековните земјоделски и производствени процеси кај претпријатијата поради ограниченото работно време и движење. Како што напоменува Ристовски, загубите на земјоделско-прехранбениот сектор во првиот квартал од 2020 година во споредба со првиот квартал од 2019-та се проценети на околу 22 – 40 проценти. Поради тоа, секторот во 2020 година очекува намалена профитабилност за 41 – 60 проценти.

Намалувањето на потрошувачката евидентирана изминатиот период и глобалната рецесија што им се заканува на повеќето земји во светот, ќе предизвикаат шок на пазарот со драстичен пад на цените на храната, стои во заедничкиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Агенцијата за храна на Обединетите нации.

Утврдено е и дека во следните 10 години, растот на понудата ќе го надмине растот на побарувачката, предизвикувајќи реалните цени на повеќето производи да останат исти или дури и под нивното ниво.

Според извештајот, во следните десет години светското производство на жито се очекува да се зголеми за околу 85 проценти./МИА

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

притисни ентер