Ќе биде вистинска заводничка: Ќерката на познатата актерка плени со својата природна убавина (фото)

Познатата холивудска актерка уште еднаш ја покажа својата преубава ќерка.

Симпатичната русокоса Риз Витерспун на Инстаграм постави фотографија со шеснаесетгодишната ќерка Ава.

Не само што тие двете неверојатно личат една на друг, туку не можевме а да не забележиме дека Ава израснува во една преубава девојка.

Иако меѓу нив има 24 години разлика, Риз и Ава делуваат како врснички бидејќи познатата мајка е многу младолика.

Ава како и дваесетгодишниот Дејкон, Риз ги доби од првиот брак со актерот Рајан Филип. Актерката има и тригодишен син Тенеси од сегашниот сопруг Џим Тото.

Mother daughter time ❤❤❤❤❤❤❤❤

A photo posted by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon) on

Гризман е прогласен за најдобар француски играч кој игра во странство

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е прогласен за најдобар фудбалер во Франција играјќи надвор од државата во изборот на Унијата на фудбалери и тренери на Франција.

Во борбата за наградата, напаѓачот ги победи Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени (двајцата од Реал Мадрид), Мајк Мењан (Милан) и Вилијам Салиба (Арсенал).

Во 2016 година, 33-годишниот Гризман за прв пат ја доби оваа награда.

Оваа сезона, фудбалерот одигра 45 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања, постигна 21 гол и креира осум асистенции.

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови, објави „Комерсант“.

Американски државјанин е во 10-дневен притвор што го одреди рускиот суд поради тоа што кажал непристојни зборови при полициски претрес во неговиот стан, објави денеска весникот „Комерсант“.

Обвинителите соопштија дека американскиот државјанин е 36-годишниот Анџело Џозеф Таларико. Тој на англиски јазик ги пцуел полицајците кои пристигнале во станот на неговата сопруга во Москва за да го претресат како дел од истрагата за кражба на биткоини во регионот Мурманск, објави „Комерсант“.

Во полицискиот извештај се вели дека Американецот, кој се преселил во Русија од Лос Анџелес, им викал на полицајците и употребил два различни збора „чија смисла тие ја разбрале“, пишува весникот.

Американецот негирал дека сторил административен прекршок за ситно хулиганство и употреба на непристојни зборови на јавно место. Тој беше приведен во Москва, судот го прогласи за виновен и му одреди 10-дневен притвор, додава „Комерсант“.

Адвокатот на Американецот ги отфрли обвинувањата дека неговиот клиент пцуе и посочи дека тој и неговата сопруга биле во кујната на станот за време на претресот.

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ.

Тоа ќе биде прва посета на Путин на една земја откако на 7 мај положи заклетва и го започна својот петти мандат.

притисни ентер