Кина тврди дека нема истекување радијација од нуклеарната централа Таишан кај Хонг Конг

Министерството за екологија и животна средина денеска објави дека е откриено зголемување на нивото на зрачење во примарниот круг кај реакторот Единица 1 на Таишан, но дека тоа било во рамките на параметрите за безбедно работење.

Во одговорот на информацијата на американската телевизија Си-Ен-Ен, што беше објавена претходно неделава, Кина денеска соопшти дека нема истекување на радијација во нуклеарната централа Таишан и дека не го покренала прагот на прифатливо ниво на радијација во околината на централата.

Си-Ен-Ен пред два дена соопшти дека „Фраматоме", француската компанија која ја дизајнираше централата, предупредила дека Кинеската управа за национална безбедност (ННСА) го покренала прифатливото ниво на радијација околу електраната во југоисточна провинција Гуангдонг за да се избегне нејзиното затворање.

Министерството за екологија и животна средина денеска објави дека е откриено зголемување на нивото на зрачење во примарниот круг кај реакторот Единица 1 на Таишан, но дека тоа било во рамките на параметрите за безбедно работење.

Поголемото ниво на радиоактивност е предизвикано од оштетување на мал број прачки за гориво, што е вообичаено за време на производството, транспортот и вчитувањето на горивото, соопшти Министерството на својот налог на социјалната мрежа Вичат.

„Следењето на животната средина во близина на фабриката во Таишан не откри никакви абнормални параметри … што укажува на тоа дека воопшто нема протекување", соопшти министерството.

Се проценува дека околу пет од над 60.000 прачки за гориво во реакторот Единица 1 се оштетени или помалку од 0,01 отсто, што е далеку под предвидената дозволеност од 0,25 отсто, се додава во соопштението на Министерството за екологија.

Министерството соопшти дека ќе продолжи внимателно да го следи нивото на радиоактивност во реакторот Единица 1, а, исто така, ќе ја одржува комуникацијата со Меѓународната агенција за атомска енергија, како и со француското тело за надзор на нуклеарната безбедност.

Проектот Таишан, завршен во 2019 година, се состои од два реактори дизајнирани во Франција и се наоѓа на околу 200 километри од Хонг Конг.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер