Кина со експресна реакција на ставот на Г7 дека се насилни

Кина денеска ја осуди заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Г7, во која тие изразија поддршка на Тајван и го нарече Пекинг силеџија, велејќи дека тоа е грубо мешање во кинеските внатрешни работи.

Во изјавата по состанокот во Лондон, министрите за надворешни работи на Г7 изјавија дека Кина е одговорна за кршењето на човековите права и за користење на своето економско влијание за малтретирање на други.

Во невообичаен потег, Г7, исто така, рече дека го поддржува учеството на Тајван на форумите на Светската здравствена организација и Светското здравствено собрание - и изрази загриженост за „какви било еднострани активности што можат да ги зголемат тензиите“ во теснецот на Тајван.

Говорејќи во Пекинг, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин рече дека во изјавата се изнесени „неосновани обвинувања“ што претставува грубо мешање во кинеските внатрешни работи, што тие остро го осудија.

„Г-7 како група треба да преземе конкретни мерки за да го поттикне глобалното економско закрепнување наместо да го нарушува“, додаваат тие.

Кина го гледа Тајван како своја територија и се спротивставува на какво било официјално претставување на Тајван на меѓународно ниво. Кина исто така ги засили воените активности во близина на Тајван во последните месеци.

Изјавата на Г7 беше срдечно прифатена во Тајпеј, каде што владата соопштила дека ова е прв пат министрите за надворешни работи да го споменуваат островот во заедничката изјава.

Претседателскиот кабинет на Тајван му се заблагодарил на поддршката на Г7.

„Тајван ќе ја продлабочи соработката со земјите-членки на Г7 и ќе продолжи да придонесува со најголема позитивна сила за глобалното здравје и благосостојба на луѓето, како и за мирот, стабилноста и просперитетот на Индо-пацифичкиот регион“, рече портпаролот Ксавиер Чанг.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер