Кина повторно оди на Месечината, имаат намера да направат нешто невидено

Кина планира следната година да испрати вселенско летало на далечната страна на Месечината, односно онаа што никогаш не е свртена кон Земјата, и да донесе примероци од неа; што би било прв ваков потфат во историјата.

Но, амбициите на кинеската Национална вселенска агенција (CNSA), која има намера да испрати астронаути на Месечината оваа деценија, не завршуваат тука. Имено, во 2026 година планира да ја лансира мисијата Chang'e-7, која треба да собира вредни податоци за изградба на постојана меѓународна истражувачка станица на јужниот пол на Месечината до 2040 година.

Мисијата Chang'e-8 е закажана за 2028 година, за време на која Кина и меѓународните партнери ќе работат заедно на лансирање на вселенски летала и операции во орбитата, ќе вршат „интеракции“ меѓу вселенските летала и заеднички ќе ја истражуваат површината на Месечината. Исто така, планира да испрати човечки екипаж на нашиот природен сателит до 2030 година, пишува CNN.

Ако овие планови некому му изгледаат премногу амбициозни, треба да се запомни дека во 2019 година Кина стана првата земја што лансираше ровер на далечната страна на Месечината, а минатата година ја заврши изградбата на орбиталната вселенска станица Тиангонг.

„Chang'e-6 ќе ни даде подлабоко разбирање за Месечината следната година. По анализата на примероците од далечната страна, научниците ќе го прошират нашето знаење за Месечината“, објави CSNA минатата недела.

Леталото треба да слета во басенот на Јужниот Пол-Ајткен и таму да собира примероци од прашина и карпи. Далечната страна на Месечината, која не можеме да ја видиме од Земјата, е покриена со кратери, но за разлика од блиската страна, на неа не доминираат големи лунарни мориња; што пак ги збунува научниците.

Лунарните мориња се огромни темни рамнини на Месечината кои на раните астрономи им изгледале како водни тела, па затоа ги нарекувале „мориња“. Тие се потемни од остатокот од површината поради темните базалтни карпи, остатоци од древна вулканска лава.

Вселенското летало Chang'e-6, исто така, ќе носи товар и сателити од четири меѓународни партнери: инструмент за откривање гас од француско производство, детектор за негативни јони на Европската вселенска агенција, италијански ласерски аголен рефлектор за калибрирање на радарски системи и пакистански CubeSat, минијатурен сателит во форма на квадрат.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер