Кина: Евентуални санкции кон Русија би го интензивирале конфликтот околу Украина

Вчера министрите за финансии на Г7 ја повторија својата подготвеност да воведат санкции кон Москва со „широки и непосредни последици" за руската економија во случај на инвазија на Украина.

Едностраните санкции против Русија само ќе ги зголемат раздорот и конфликтот околу Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин, коментирајќи ја заедничката изјава на Г7 за подготвеноста за воведување санкции кон Москва.

– Во сегашната ситуација, едностраните санкции можат само да ги зголемат поделбите и застојот. Кина ги повикува сите страни да дејствуваат рационално, да ја решат кризата во Украина преку дијалог и преговори, рече тој, додавајќи дека драматизацијата на ситуацијата и шпекулациите за војна се неодговорно однесување.

Санкциите и притисоците, додаде тој, нема да помогнат во решавањето на ситуацијата, а промовирањето на блокадата води само до стариот пат на Студената војна, пренесува ТАСС.

Вчера министрите за финансии на Г7 ја повторија својата подготвеност да воведат санкции кон Москва со „широки и непосредни последици" за руската економија во случај на инвазија на Украина.

„Секоја натамошна агресија на руската армија против Украина ќе наиде на брз и координиран одговор", наведе Групата на седум индустриски најразвиени земји.

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија Данил Петровски

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири ги оствари најавите. Го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски.

Економската директорка Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, останува на клиниката.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ ја вклучуваме во живо. Мими, се знаат ли причините за разрешувањето на медицинскиот директор и има ли првични реакции?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

ДИК прифати седум приговори, до петок ќе се знае дали и каде ќе се прегласува

Државната изборна комисија усвои приговори за седум избирачки места..

Во шестата изборна единица е оспорено само гласањето во Желино, по приговорот на Вреди, додека останатите 6 прифатени приговори се за гласање во 5-тата изборна единица.. По едно избирачко место во Охрид, Крушево и Долнени по приговор на ВМРО-ДПМНЕ, како и едно избрачко место во Струга по приговор и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ..

Но дали на овие места ќе има прегласување ќе се знае откако ќе помине рокот за жалби пред Управен суд, а членовите на ДИК ќе одлучат во зависност од тоа дали евентуалното прегласување би донело промена во распределбата на пратеничките места.

-Согласно Изборниот законик доколку вкупниот број избирачи на одредени избирачки места влијае на разликата во распределба на мандатите, дури во тој случај ќе може да се повтори гласањето. Сега нема одлука, треба да се изцрпат сите правни механизми кои се на располагање на подносителите на кандидатските листи,- изјави – Радица Тодоровска Алексовска – Портпарол на ДИК .

Во петката ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, ДУИ 4 и СДСМ 3, а по еден Левица, Вреди и ЗНАМ. Постојат многу комбинаторики кој би можел да добие или да изгуби пратеник бидејќи негде разликата е само стотина гласови. Најмногу може да изгуби ДУИ, дури 2 мандати кои би ги добила СДСМ. Има опција и ВМРО ДПМНЕ да добие еден пратеник, но ќе зависи од пресметките врз основа на Донтовиот модел.

На одлуката за поништување на гласањето во овие избирачки места реагираа од Европскиот Фронт предводен од ДУИ од каде најавија тужба пред Управен суд.

-Веќе ги алармиравме сите надлежни институции и меѓународниот фактор бидејќи имаме точни информации дека во петокот преку политички притисок им биле дадени партиски инструкции на членовите на ДИК од нивното седиште. Овие дејства претставуваат кривични дела и Европскиот фронт ќе ги преземе сите неопходни мерки,- изјави – Елми Азири – Европски фронт.

Одлуките на ДИК пак, за албаснката опозиција се потврда за изборните неправилности на кои предупредувале..

-Таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владењето, незаконски ја нарушил и искривилволјата на граѓанинот, спроведувајќи го „бугарскиот воз“ како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Ликово и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ. Замислете со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника,- изјави – Фатмир Сабриу – Коалиција Вреди.

Доколку Управниот суд добие жалби ќе има рок од 48 часа да одлучи по нив. Ако ДИК одлучи да има прегласување, тоа најверојатно био било спроведено на 22 мај.

7-месечно бебе починало по операција во болница во Охрид, дома паднало од импровизиран кревет

Пад од импровизиран кревет бил кобен за седум месечно бебе од Вевчани.

Бебето, според пријавеното било примено во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид вчера околу 16 часот, со хематом на главата и со констатирано мозочно крварење. И покрај извршената операција, бебето починало. Неврохирургот Мичун Мичуновиќ, од болницата Св. Еразмо , кратко, во телефонски разговор рече дека лекарите дале се од себе да го спасат животот на седум месечното бебе.

Од СВР Охрид велат дека се работи на расветлување на случајот.

По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.

- Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката,- - Јавно обвинителство.

Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ побарала помош од повеќе лекари кои само ја преупатувале до нивни колеги и други установи.

притисни ентер