Кина бара од излекуваните од коронавирус да даваат крвна плазма

Здравствените власти на Кина побараа од излекуваните пациенти од коронавирус да донираат крв за да извлечат плазма за лекување на пациенти кои се во сериозна состојба.

Фармацевтските лаборатории се во процес на развивање на третман и процедура за вакцина од болеста, од која се заразени повеќе од 70.500 луѓе и однесе најмалку 1.770 животи во Кина.

Плазмата на излекуваните пациенти содржи антитела кои можат да помогнат во намалувањето на вирусното оптоварување на сериозно болните пациенти, изјави претставник на Националната здравствена комисија на прес-конференција.

„Ги замолувам оние што се излекувале да дадат плазма, што ќе им даде надеж на сериозно болните“, рече Гуо Јанхонг.

Единаесет хоспитализирани пациенти во Вухан, во фокусот на епидемијата, добија трансфузија на плазма минатата недела, според Сон Јанронг од биолошкиот центар на Министерството за наука и технологија.

„Едниот од нив е веќе дома, другиот може да си оди, а останатите се на пат кон заздравување“, додаде таа.

Повикот за плазма беше направен откако државната лабораторија објави позитивни резултати од клиничкото испитување во болницата во Вухан.

Кинеската национална биотек групација во својот пост на WeChat гарантира дека пациентите кои добиле трансфузија од плазма за „24 часа ја подобриле нивната состојба“.

„Клиничките тестови покажаа дека трансфузиите со плазма од луѓето кои се излекувале се безопасни и ефикасни“, додаде Сон.

Донаторите ќе бидат подложени на тестирање за да се осигурат дека не можат да го пренесат вирусот, рече Ванг Гиаканг, шеф на клиничката болница во Универзитетот во Пекинг.

Во Женева, директорот на програмата за итни случаи во Светската здравствена организација (СЗО) Мајкл Рајан објасни дека употребата на плазма од поранешни пациенти се покажала ефикасна за некои болести и истакна дека овој метод не е секогаш успешен.

„Треба да разгледаме како да го искористиме, од што најмногу може да имаат корист пациентите и во кој момент“, рече тој на прес-конференцијата во Женева.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер