КХВ и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 77-тата седница со која претседаваше претседателот на КХВ м-р Нора Алити, а што се одржа денеска на 13 август 2020 година на Еуростандард Банка АД Скопје – Дирекција за услуги со хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност. Ваквата одлука, Комисијата ја донесе откако беше доставено известување и Решение од Народната Банка на РСМ за укинување на дозволата за основање и работење и исполнување на условите за отворање на стечајна постапка на Евростандард Банка АД Скопје.

Поради овие ново настанати околности, Комисијата за хартии од вредност ги задолжи Македонската Берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Еуростандард Банка АД Скопје да ја исклучат од членство, така што Дирекцијата за услуги со хартии од вредност повеќе нема да врши услуги поврзани со работењето со хартии од вредност, односно нема да биде овластен учесник на пазарот на хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност нагласува дека нашиот пазар на хартии од вредност останува да биде стабилен, функционален и целосно ефикасен. Истовремено укажува дека трговските трансакции со хартии од вредност кои до укинувањето, односно одземањето на дозволата на банката биле склучени, ќе се реализираат во целост согласно важечките законски прописи и правила.

Клиентите кои услугите на пазарот на хартии од вредност ги остварувале преку Дирекцијата на Еуростандард Банка АД Скопје ќе можат да ги вршат преку другите овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

притисни ентер