Кежаровски пуштен во домашен притвор (ОБНОВЕНО)

Новинарот Томислав Кежаровски оди во куќен притвор. Ваква одлука донел кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Решението веднаш е испратено во истражниот затвор во Шутка. Сопругата на Кежаровски за ова разбрала од новинарите.

По речиси 6 месеци притвор попладнево ќе си оди дома. Претседателот на кривичниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски за Канал 5 потврди дека кривичниот судски совет донел одлука за домашен притвор во текот на денот, а решението веднаш е испратено во истражниот затвор во Шутка. Решението веднаш ќе биде реализирано, а Кежаровски со полициска придружба ќе биде испратен во својот дом.

Адвокатот на Кежаровски Филип Медарски официјално за сега не добил решение од судот за ваквата одлука . Потврди дека побарал да му се замени мерката притвор со куќен поради влошено здравствена состојба. Сопругата на Кежаровски за ова разбрала од новинарите. Со голема возбуда и неверување ја примила веста.

Во затворот во Шутка пристигнало решението на судот. Сега се чека да дојдат полицајците кои треба да го спроведат до неговиот дом каде што ќе издржува куќен притвор. Со оглед на тоа што решението треба да се спроведе денеска, се очекува Кежаровски најдоцна до полноќ да биде во својот дом.

Во соопштението од судот стои:

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлогот за укинување на мерката притвор определена против обвинетиот Томислав Кежаровски од Скопје поднесен преку неговиот бранител, со решение КОК-КР.бр.267/13 од 07.11.2013 година ја укина мерката притвор против обвинетиот Томислав Кежаровски и му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, сметано од 07.11.2013 година до правосилноста на пресудата КОК.бр.51/13 од 21.10.2013 година, односно до започнување со издржување на изречената казна затвор.

Жалбата против решението КОК-КР.бр.267/13 од 07.11.2013 година не го задржува извршувањето на истото“.

Кежаровски пред три недели доби првостепена пресуд во Ликвидација од 4 ипол години затвор за издавање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот со платеното убиство во Ореше.

Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани

Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 19.15 часот во СВР - Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.

Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.

Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Арсовска: Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Во изминатите две години покажавме дека со упорност и покрај блокадите може да се наметнат системски промени кои од корен ги менуваат градските институции.

Затоа Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Успеавме да ги намалиме непродуктивните трошоци, единствено не ги згаснавме светлата на улиците сред најголемата енергетска криза, ги консолидираме јавните претпријатија.

Први и единствени се боревме повеќе да нема лица кои не одат на работа, а земаат плата. Успеавме да откриеме стотици такви случаи за кои останатите институции сега треба да превземат мерки за враќање на парите кои ги земале.

За Македонија која ќе се базира врз право и правда неопходно е да се спроведат системски реформи:

-Целосно чистење на институциите од оние кои не одат на работа, а сепак земаат плата

-Воведување системска дигитализација со која човечкиот фактор и влијание при избор на вработување ќе се елиминира

-Со ветинг во сите јавни институции да се детектираат злоупотребите на позициите и за истото да следат највисоки санкции

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Денес е ден на Македонскиот јазик

Денеска Македонија го одбележува 5 мај – денот на Македонскиот јазик.

На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

притисни ентер